Roma Lawyers Association- della nijamlipnasko (pravno) dumo baś o viktimija tar i ,,Javna Soba”

936

Birađaki organizacija baš pravnikoja – Roma, korkoro pesestar bi lovengo čhivenapes ani funkcija te den nijamalo ( pravno) ikheripe e viktimen(zrtve) tar agaar anavkerdi,,Javna Soba”

Prekal poro Havlaribe savo sas bičhaldo đji ko Roma Press, i organizacija kamela te dellen dumo sa adalen save čhivde sas javno te keren lafi baš poro privatno đjivdipe, numa thaj sa e viktimija (žrtve) te kerge olencar kontakti olengoro dumo pravnikano dumo ka ovel olenge dendo bi te pikinen baš olengi buti.

Здружението на правици – Роми, доброволно и бесплатно се става во функција на правна поддршка на жртвите од ,,Јавна Соба’’

По објавената сторија на една од жртвите на ,,Јавна Соба’’, во која девојка одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај на online злоупотреба и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем, Здружението на правници – Роми одлучи, доброволно и без никаков паричен надоместок, да ги стави на располагање своите правни ресусни капацитети во интерес на жртвите од Јавна Соба.

Јавно ги повикуваме сите жртви на ,,Јавна Соба’’, вклучително и жртвата која јавно истапи во врска со нејзиниот случај на злоупотреба, бесплатно да ни се обратат за правен совет и поддршка за пријавување на постапките пред надлежните институции.

Нашата крајна цел е да обезбедиме целосно уживање на правата од страна жртвите и да правно да ги заштитиме во согласност со законските регулативи.
Здружението на правници Роми е независна непрофитна асоцијација формирана во 2015 година, со цел да го застапуваат правниот интерес на ромската заедница, да влијаат на власта, да поттикнат јавни мислења, да иницираат политики и преку законодавна анализа и да се залагаат кон промени.
Во интерес на јавното добро, организација доброволно и целосно бесплатно се става во правна функција на жртвите од ,,Јавна Соба’’.

Информации за контакт: [email protected] или пратете ни порака на нашата официјална Facebook страна – Roma Lawyers Association.

Roma Press- Havlaribe(soopśenie).
Здружени на правници – Роми

Бул. Партизански Одреди 23/1-1
Скопје, 1000
Република Северна Македонија
[email protected]