Kerlapes distribucija o materijalija bash dejbe hango bash avutne Alosaribe..

723

Avdive javinako kombencar tar Makedonijaki posta thaj bare policijake arakhipnaja thavdinga o transport tar dejbehangune materijalisa save trubun te lingarenpes dji sa e komunenkere alosaribnaski komisija, e lisa si hazrikerde ani pecatnica Kiro Dandarov tar i Bitola.

Avutne alosaribnaske dji 80 komune thaj i dis Skopje, isi but materijalija sostar isi maj baro dji akanutno numero tar naikerimale liste thaj kandidatija bash serutne, ikherde tar pobuter koalicie, ano tomofilija tar posta sar thaj policijake ikherutne isi valanutno materijali savo trubul te lingarenpes avdive, aso o autne divesa tadani valani te lingarenpes hem uredija bash biometrisko identifikatori, vakerga o Aleksandar Dastevski, presidenti ani Themaki Alosaribnaski Komisija(DIK).

Денес рано изутринава со комбиња на Македонски пошти и со големо полициско обезбедување започна транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.

За овие избори имаме за дистрибуција многу материјал до 80 општини плус градот Скопје. Има многу материјал зашто има рекорден број на листи на независни кандидати и независни листи, повеќе коалиции. Комбињата и камионите на Македонски пошти ги пратат и возила на МВР зашто се работи за доверлив материјал, гласачки ливчиња и изводи од гласачките списоци. Денес ќе се дистрибуира гласачкиот материјал, а за утре ќе остане да се предадат уште уредите за биометриска идентификација на гласачите“, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).