IRIZ- Edukativno rabotilnica baš imunizacija mujal Kovid 19..

995

На ден 22,12,2021 година во просториите на Советот на Општина Шуто Оризари беа одржани две едукативни работилници со вкупно 40 лица од заедницата, на тема Имунизација против Ковид 19, организирани од ГО „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Скопје.
На работилниците беа поканети учесници од областа Брсјачка буна, кои беа информирани за превенција, мерките за заштита од Ковид 19 како и за ефикасноста на вакцините и нивниот механизам на заштита кој се применува.
На оваа тема дискутираше и пренесе корисни инофрмации со граѓаните на општина Шуто Оризари сестра Снежана Јариќ од Одделот за имунизација на школски деца во рамки на Поликлиника Шуто Оризари каде на почетокот од предавањето граѓаните беа запознаени со начинот на кој најбрзо и нај лесно се шири и пренесува Ковид 19.

Превентивната заштита беше нагласена со особен акцент за примена од која не треба да се откажуваат граѓаните, напротив упорно и истрајно да ги применуваат мерките(миење раце, носење заштитна маска, држење дистанца и минимизирање на групирање посебно во затворени простории) и како и важноста од стекнување на имунитет со помош на вакцините.
Наведено е дека најголем фактор на ширење на ковид 19 е токму несериозноста на непочитување на здравствените протоколи издадени од СЗО (не се носат маски, групни собирања како на затворен така и отворен простор и секако лажните и неточни дезинформации по социјалните мрежи за и околу примањето на вакцините).
Посебен апел се даде од страна на тимот на Ириз и сестра Снежана Ј. за престојните празници, каде граѓаните би требало сериозно да ја сфатат актуелната состојба, да се избегне непотребно групирање, бидејќи токму групните собирања, посебно во затворени простории, претставуваат најголемата опасност за добивање и ширење на Ковид 19.
На крајот од предавањето беше актуелизирано прашањето како и на кој начин да се агитира до повеќето граѓани од општина Шуто Оризари за помасовна имунизација.

Roma Press – IRIZ