Колумна: Неждет Мустафа – За каков сон Вие живеете?

2679

Понесен од моето државничко искуство со фунции, одговорни пред Ромскиот народ (градоначалник, пратеник, министер, советник на Премиер, оснивач на Европскиот Рома патувачки форум-Стразбург ( Совет на Европа) и Балканската унија на Ромите- (иницирина од Тураскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган 2015 година) , Претседател на Политичка партија, по вокација дипломиран професор по филозофија, со загрижувачки тон оваа колумна ја посветувам за иднината на сите граѓани, етнички народи по основ на Уставните амандманите 4,5 и 6 донесени на 15 Ноември 2001 во Собранието на Р.М.

Уставениот поредок на РМ е нужен и општ во креирањето на етнички интегративни и инклзувни политики. Денес де факто амандаманот 4 точка 1 е во конфузија со нерамнотежен етнички развој. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа е ИСКЛУЧЕНА.

Сметам дека овој бинационален сензитивен концепт носи загрижувачки настани и треба внимателно да се одложат за да не појават скоро или покасно спротиставени односи.
Како креатори на Рамковниот договор на ЕУ и САД им е потребна непристрасна интервенција во неговиот мониторинг, со свое дипломатско искуство и знаење за надминување на етничките (пропусти) нермнотежни инклузии и интеграции. Нивниот силен труд колку што се сеќавам со проектот на етнички релации предводена од Г-га Ливија Плакс од 1996 година остави силни трагови на Уставниот стабилен поредок на Македонија за еднаков развој на етничките заедници.

Денешното пристрасно владеење на Македонско- алабанските парламанетарни партии во формирање и унапредување на иднината на само двете заедници е спротивно на духот на Рамковниот договор, мултуетничкиот концепт и иднина на Македонија. Ваков бинационален пристап на владеење се коси со Европските демократски вредности . Двошалтерската држава во моментот е фрустрација кај етничките народи и продуцира нерамнотежни вредности, нови дискриминации, нови поделби, загрижени етнички тензии, образовен, културен, социјален, економски, здравствен, кои за жал ги потиснуваат децениските генерациски ангажмани за хармонично еднакво граѓанско општесто.

Во поглед на Ромскиот политички статус на Ромските партии видливо е дека двете доминнатни заедници македонско-албанските партии имаат пасивна соработка во релација на инклузивна и интегративни процеси на Ромите и на другите етнички народи. Речиси се исклучени од законодавна , извршна, судска и локална власт. Да, фиктивно има декоративен етнички букет. Ромските лидери и покрај нивните коалиции и договори, поради таквиот игнорански однос постанаа немокни пред своите членови и граѓани. Македонско- албанските партии доминираат врз гласачите на Ромите, користејки ја својата моќ во институциите вршејки им влијание кон вработените Роми во админитрација и јавните претпријатија.

Примери: Либералната партија без коалиционен кодекс го прифати за кандидата за градоначалник Курто Дудуш иако не беше од ниту една Ромска политичка партија подржан за кандидат, сметајки на неговото крајно лошо владеење. Со тоа ја нарушија иднината на граѓаните во Шуто Оризари со неговите непромислени урабастички постапки.
Додека ДУИ со својот огранок во Шуто Оризари, користеки ги своите позиции во јавните претпријатија ја ослабнаа листата на Ромските политички партии вршејки им влијание да гласат за нивната листа.

СДСМ иако има 4 Ромски политичкки партии во колиција сепак се одлучи од својот огранок да исфрли по втор пат, кандидат за градоначалник, потфрлувајки ги одлуките на своите Ромски коалициони партии да ја подржат кандидатурата од нив.
ВМРО-ДПМНЕ ито така и покрај своите коалициони Ромски партии, исфрли своја листа на советници во општина Шуто Оризари.
Следно, ВМРО –ДПМНЕ и СДСМ на парламентарните избори, своите коалициони Ромски пратнери ги манупулираа ставајки во листи кандидати за пратенци од нивните ограноци и покрај ветувањата дека ке има пратеник од Ромска политичка партија. И на крај најтрагично што владеачката СДСМ место да ги потврди коалициони договори со Ромските политички парти за гласовите што ги дадоа во коалиција, СДСМ отиода во награда кон Ромските невладини организации. Од нив владеачката партија преку свој огранок во Шуто Оризари кандидираа пратеник, државен секретар, советник на премиер и толку. Направен е хаос во Ромските невладини и партиски релации.

Кој е во заблуда? Ние ли сме?

Ние ли сме грешниците во овој бинационалем неред? Прифакаме заблуди наместо вистини. Ние постојано сме сумничави кај секој еден наш Ром, додека кај не ромите гледаме со висок авторитет и кога не лажат слатко ги прифакаме нивните лаги. Се занимаваме со лудории, сомнежи и колебливости и завидливости. Дотолку не се посветуваме за самите нас. Не го почитуваме правилото во демократијата, дека гласот на еден народ е моќ и иднина. Со евтин глас нема во ниту една држава ниту интеграција ниту инклузија ниту иднина.
Има ли некој што се вразумил, за ова состојба иако постојано ве опенуваме? Се прашувате ли колку пати сте биле манипулирани? Се сеќавате ли како ве гушкат за време на изборите а потоа ве заборават. Со моќта на вашиот глас сте измеќари. За жал, љубите празни ветувања и грешни говори.

Ооо заблуден народ Ромски, ние сме како камили кои не можат да си ја згаснат жедта. На сите им поверуваме освен на нас.
Се прашувате ли за каква удобност и сон вие живеете? Децении гласот сами си го понижувате, упорно правите тешки гревови со вашиот идентитет и покрај нашите постојани опомени. Или сте турци, албанци, македонци….но не само Роми. Самите на себе сме си јаничари. Немокни од самите себе, од нашите мегусебни интриги, недоверби, заблуди, дволичности, нели гледате дека потонуваме? Постојано се растажувате и пагате во очај. Дури и тогаш се чудите каде е Вашиот проблем? – Во самите себе! Тогаш АЈДЕ- тргнете по нас!

Се додека еден народ сам не се променува , ниту јас има да го променам- вели нашиот Створител, Господар и Владетела во својот говор.(Куран).

Roma Press hramonela o Nezdet Mustafa.