ZNM thaj o SSNM rodena te anelpes o dopheripe ano Bangivalo kanoni baś arakhipe e zurnalisten..

453

Biradjakiri organizacija tar o zurnalistoja tar i Makedonija ZNM barabar peseskere Sindikateja tar o zurnalistija SSNM ikerge press konferencija anglal o Khedipe savo si anavkerdi sar 2- Noemvro Maskardianesko dive baś ćhinavipe tar odova so nakhena bi djezaja(kaznaja)o bilacipe save kernapes upral e zurnalistoja(novinarija),vakerga o Presidenti ko ZNM Mladen Ćarikovski.
👇👇👇

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска пред Собранието на РСМ, одржаа прес-конференција, по повод 2-ри ноември Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.

Пред новинарските екипи се обратија претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

На овој ден, 2-ри ноември Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, Здружението на новинарите на Македонија бара од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници.
Сега, повеќе од кога било е потребно нападот врз новинарите да се третира како напад врз службено лице, време е да се направи поголем исчекор во оваа насока. Речиси година и половина, чекаме пратениците во Собранието да се одважат и соберат за да ги изгласаат измените во кривичниот законик, наместо да се занимаваат со нивните бескрајни политички игри. Ако сме сигурни дека за ова постои општествен консензус во јавноста, несфатливо е пратениците и натаму да го одложуваат донесувањето на овие измени. Бараме тие веднаш да бидат ставени на дневен ред и изгласани, во спротивно ќе сфатиме дека слободата на новинарите снимателите и медиумските работници не е приоритет на ова Собрание“ – истакна Чадиковски.