Ano teluno hramipe ki Makedonikani čhib bičalaja tumenge jekh statija savi sas mukhli dumoja tar SZO, sar šaj te arakhel tumen tar o bilačo virusi korona, ulaven tar tumaro vakti salde panđ dakikoja te šhaj te drabaren sebepeja te iklol tumwnge ano anglalipe.
СЗО направи список на митови за Ковид-19 и ги разби. Пример за еден од митовите е дека сушачите за раце се ефикасни и го уништуваат коронавирусот. СЗО ова го негира и наведува дека сушачите за раце не се ефикасни во уништувањето на вирусот, туку тоа се постигнува со одржување хигиена на рацете.
На прашањето дали со прскањето со алкохол или хлор по телото ќе се убие вирусот СЗО одговара негативно. Нема да го убие вирусот, но може да ја штети слузокожата (очи, уста…)
Дали е безбедно да се прими писмо или пратка од Кина? Да, безбедно е. Овој вирус не може долго да преживее на објекти како што се писмата или пакетите.
Лукот е здрава намирница која може да има некои антимикробни дејства, но не постојат докази дека штити од моменталната епидемија на новиот коронавирус.
СЗО препорачува одржување на хигиената на рацете и респираторна хигиена затоа што на овој вирус се подложни сите, без оглед на возраста.
Антибиотиците не делуваат против вируси, само против бактерии. Коронавирус е вирус, па антибиотици не смеат да се користат како превенција или за лекување. Но ако сте хоспитализирани заради ковид-19 тогаш можеби ќе примате антибиотици заради можна бактериска инфекција.