Колумна Севгул А.- Црн облак над Ромите во Украина

2528

Третта недела од почетокот на војната во Украина. Според податоците кои со голема брзина од ден на ден се менуваат информациите поврзано со колона на бегалци кои ја напуштаат Украина,денес таа бројка се зголемува и достигнува повеке од 2 милиони луѓе бегалци. Меѓу бегалците од украина има и голем број од Ромската заедница кои за себе и за своите најблиски бараат засолниште во земјите на Европската Унија и останати.

Тоа што е Чудо! Информациите укажуваат при излез од Украина Ромите се соочуваат со селективна правда и тоа во време на војна за ромите постојат два аршина, полесниот пристап за излез од државата го користат неромите потешкиот пристап го доживуваат и преживуваат Ромите ЗОШТО?
Секако најголем број кои ја напуштаат Украина се жени и деца , додека мажите остануваат да се борат и да ја бранат својата земја.
Нема да навлезам во тоа што Украинскиот Претседател преку своите секој дневни видео порака укажува за бомбардирањата врз цивилни објекти, Русите пак тврдат дека напагаат на местата кои се претворени во воени објекти и слично.

Воедно денес нема да говором за неколкутте оддржани средби кои беа планирани да не бидат успешни и позитивно завршени познавајки-ги позициите од дветте страни. Но, никој од нас не знае кога и дали ќе заврши војната(конфликт).

Сега да се навратам на мојата поента, се поставува прашање- Зошто два аршина за заедницата која нема матична држава? говорам за нас за Ромите.
Ромите и денес во време на војна (конфликт) помеѓу Украина и русија повторно се расфрлани во целиот свет,Да! ние сме народ кој нема своја матична земја, но ја почитуваме секоја држава во која живееме.

Деновиве сме сведоци на фактот дека повторно Ромската заедница во украина се понижуваат, омаловажуваат, се дискриминира се малтретираат деца и жени се забележува не еднаквиот пристап во хуманитарните акции се селектираат Ромите при добивање на храна и слично само затоа што се различни од останатите највероватно затоа што поседуваме потемен тен.

Запрепастен со се што се случува со украинските Роми со посебен фокус се прашувам зошто занемарено на ништо не реагира ЕУ, жално и многу трагично.

Знаеме дека во украина има неофашистички групи и сакам само да ве потсетам дека секоја година имавме настани поврзани со Ромите во украина како ги демолираа,запалуваа и ги рушеа нивните домови, малтретираа, омаловажуваа и за сите тие случувања никој не реагираше тие остануваат како дневен настан и толку.

Со големо внимание ја следам состојбата поврзано со конфликтот во Украина и Русија, податоците ме доведуваат до крајната цел дека Ромите повторно и во оваа војна ке останат само во бројка како колатерална штета.
Зошто се затвараат границите за Ромите, зошто во време на војна се бара мито при излез од границата, зошто два аршина само за нив/нас, зошто не еднаков пристап од страната на ЕУ, Зошто, Зошто и само Зошто.

И на крај остануваме сами на себе,од средината на војниот конфликт почнавме сами да се организираме преку невладините организации, политички претставници, активисти, медиуми и слично познавајки не нас и искуствата од другите војни секој почна да помага толку колку што е во можност и на свој начин.
Велат постарите,,Птица што лета од земја и ке слета натаму се уште е на земја” – така и ние Ромите.
Да,Ромите немаат матична земја и затоа неможат вистински да си помагаат но ја почитуваат секоја држава во која живеат,,Рома е Роменге ден тумаро вас”.

Севгул А.
16.03.2022 год.