Аваја- Марш за правда ќе се оддржи на 20-Ноември..

1565

АВАЈА-Известува дека на 20 ноември 2021 година со почеток од 13 часот во Скопје пред Кривичниот суд со марширање до Основното Јавно обвинителство ќе се одржи мировен “Марш за Правда”.
Маршот за Правда треба да не обедини сите! Време е Ромите да ја почувствуваат ПРАВДАТА!
Маршот за Правда се одржува по донесувањето на пресудата од Кривичниот Суд Скопје во случајот “Полициска бруталност – Битола” според која полицискиот службеник е прогласен за виновен и му е одредена казна затвор од една година за извршување на кривилното дело од член 143 – Малтретирање во вршење на служба.

Наведуваме дека казната затвор е минимална казна и казната би била поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на жртвата.
Оваа пресуда е донесена по поднесена пријава од МВР до јавното обвинителство и се однесува на еден полициски службеник и една жртва. Правдата сеуште ја чекаат и другите жртви во случајот. Во овој случај, визибилно и од самото видео кое кружеше на социјалните мрежи е дека се работи за вкупно 5 жртви и 3 полициски службеници.

Полициската бруталност не е нова ситуација за ромската заедница, ново е снимањето и јавното објавување на ова насилство! Да не дозволиме одредувањето на ослободителна пресуда да стане пракса! Ги повикуваме сите да ја дадат својата поддршка за крај на полициската бруталност кон ромската заедница.

На мировниот марш ќе побараме Апелациониот суд да ја потврди пресудата а Основното Јавното обвинителство да ја процесира кривичната пријава во која како жртви се јавуваат сите 5 лица.
Рутата на мировниот марш: Кривичен суд Скопје (бул. Гоце Делчев) кон ул. Филип Втори Македонски (преку мостот Слобода и мостот на Уметноста) до Јавното Обвинителство на кејот на реката Вардар.

Рома Пресс- Граѓанско движење Аваја