Ерџан Демир со контра реакција против Арсовска

302

Erdjan Demir, avdive bićavga peskiri kontra reakcija mujal aktuelno gradonacalnicka tari Dis Skopje, Danela Arsovska. O Erdjan Demir vakerela ani peskiri reakcija bash i nasukar buti, thaj e haoseja savo si ando ki dis Skopje, nasti Arsovska te ćhivel i doś upral mande bash eratutno protest salde sebepeja so me sijum ďjeno taro VMRO DPMNE- To krajo avela but sig.

ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ…

Ги слушам вчера реакциите од градот и градоначалничката Данела Арсовска. Според тое можам да заклучам дека не ви беше се едно дека ви дојдовме прет врата, а вие сироти нема на што па се фативте за мене и моето присуство на протестот. Протестот беше организиран од страна на градоначалникот Курто Дудуш, и преку овој мирен протест како граѓани сакавме да го изразиме нашето разочарување, револт и тоа што нас ни треба, услуга која и није ја плаќаме како јавен превоз а спротивно истата ме ја добиваме.

Да разјасниме некои работи за да не бидеме погрешно сватени.
Да, вистина е тоа дека јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Да, точно е и тоа дека јас сум претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари,и точно е и тоа дека бев на листа за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборна единица 2.
Но, не е вистина дека мојата партија стои зад овој протест. Не можете вие само поради моето присуство да го обоите целиот протест и тоа да ви биде алиби за вашата неспособно владеење.

Само да ве потсетам! Заборавивтели дека вие станавте градоначалник на градот Скопје со поддршка на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ. Вие на тие избори од мојата општина Шуто Оризари добивте 4000 гласа токму поради поддршката на ВМРО-ДПНЕ и тоа што јас лично ве шетав низ Шутка, ја имавте мојата лична поддршка,презентирање и лоборање/барав глас за вас. Кога бевте во тешко ме баравте мене,а сега кога сте фатени во тесно сакате да се оправдате преку мене, Е ВАКА НЕ МОЖЕ.

Госпоѓо градоначалничке Арсовска, едно треба да ви биде јасно, граѓаните мои бараат јавен превоз услуга од (ЈСП), моите граѓани не бараат нови автобуси и приватни превозници како што вие велите на вашата реакција по медиумите. Ние знаеме дека приватните превозници ќе почнат да возат тогаш кога вие преку ЈСП ќе си го подмирете долгот кон нив што го имате. Еве вчера премиерот Мицкивски, најави набавка на нови 120 електрично автобуси, ете повторно ви излегува во пресрет поради вашето непрофесионално менаџирање со јавниот превоз.

На крајот на денот пак ќе испадне дека прмиерот, и Владата ќе го реши овој проблем,А НЕ ВИЕ.
Да бидам искрен многу се каам, се каам што ве поддржував, се каам за тоа што сум агитирал за вас, за тоа што барав моите сограѓани посебно Ромите да гласаат за вас. Но…, никогаш повеќе.
Како велат секој почеток има и крај, па за тоа вашиот крај е веќе дојден.

Hazri kerga: Roma Press- Reakcija Erdjan Demir(VNRO DOMNE)