Колумна: Жената Ромка и 8-ми март…!?

3724

Денот  кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, посебен ден посветен на сите жени. Ден кој години наназад го одбележуваат сите жени без разлика на вера,  место на живеење, националната припадност, боја на кожа, религија или јазик.

Ова го пишува Рафета Криези, претседател на женски актив на политичка партија РОМ, во својата колумна.

-Но, дали и жената ромка го одбележува или како многумина го слави…..? Иако, живееме во свет на големи и модерни демократии во кои има се поголем и поголем предизвик во обезбедувањето на еднаквоста за сите. Oва е и голем предизвик на денешните млади генерации, а особено за жената ромка која години наназад се соочуваа со бројни предизвици, бариери и перцепции дека жената ромка мора да е покорна кон својот сопруг  и  останатите постари членови на семејството што е одраз на традиционалниот семеен карактер, пишува таа.

Криези, која е студентка по медицина, во својата колумна одговара на прашањето: Како млада ромка што е мојот предизвик за овој ден?

-Првиот  предизвик го гледам во нашиот влог во образование, кое е толку многу потребно на жената, со оглед дека во минатото семејството им давало приоритет на машките деца, дополнително да се бориме како Ромки против предрасудите од страна на оние кои не се Роми, кои како такви се видливи и погрешни години наназад од типот на “циганката“!?  Вториот предизвик ми претставува спречувањето на малолетничките бракови?  Не можеме против нив, ама може да ги спречиме исклучиво со едукација и информирање за последиците од таквите бракови. Третиот предизвик од аспект на млада ромка го гледам во реализирањето на овие претходни две, бидејќи како студент на медицинксиот факултет и желбата за постојано усовршување и стекнување на поголемо знаење и образование, може да започнеме еднаков чекор во здравството, образованието, вработувањето, социјалната заштита и сите останати сегменти. Ние имаме двојна борба и пред нашите патријахални семејства и мажи, но и голема борба пред сите останати кои не се Роми. И оваа борба нема да биде само наша и за нас, туку за нашите идни поколенија и генерации. Ова се само неколку предизвици со кои се соочува жената Ромка, а се нижат околу нејзиниот врат како непотребен ѓердан и преставуваат обврска на нас младите, посебно на интелектуалците да ја водиме оваа борба кон сигурна победа за која потребен е силен и женски ГЛАС кој може да се бори и избори во сите општесвени сфери, пишува таа.

Roma Press-Hraminela  Rafeta  Kriezi