Хабитат- Одржлив урбан развој на ромските заедници – О. Шуто Оризари и Велес

2439

Градоначалник на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, присуствуваше на презентација на проектот надловен „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, организацијата Хабитат во Северна Македонија го спроведува во соработка со општините Шуто Оризари и Велес.
Севкупна цел на проектот е да се придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој базиран на почитување и реализација на принципите на ЕУ кои водат до подобар квалитет на живеење во ромските заедници во Шуто Оризари и Велес.

На настанот се обратија,Курто Дудуш – Градоначаник на општина Шуто Оризари, Зоран Костов – извршен директор на Хабитат во С.Македонија, Нафи Сарачини – претставник од делегацијата на Европска Унија во РСМ, Аце Коцевски – градоначалник на општина Велес, Лилјана Алчева – заменик директор за програма – Хабитат во Македонија како и членови на проектната советодавна група.

Roma Press