Dezinfekcija ano saste droma thaj thana ani Komuna Šuto Orizari..

996

Komuna Šuto Orizari sa mangipnaja te ikherenpes telal o palune lafija ande tar i Radji Makedonijaki baš na buvlaripe o Kovid19 thaj odoleske havlarelapes ka kerelpes dezinfekcija ani sasti Komuna baš sa e droma thaj thana aso ko jek te lačharel thaj krizako štabi.

Општина Шуто Оризари, со цел доследно спроведување на заклучоците на Владата на Република Северна Македонија, во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусот (COVID -19), а особено во поглед на постапување по Заклучокот бр. 3 од Записникот бр: 44-2282/2, од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб одржан на 17 март 2020 година, со кој сите единици на локалната самоуправа се задолжуваат веднаш да направат план и да спроведат дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општините, денеска формира Кризен штаб. 

Кризниот штаб на денешната прва седница:

  1. Изготви план за спроведување на дезинфекција на сите улици и јавни површини со соодветни приоритети и фази
  2. На писмено се обрати до сите мали, средни и големи претпријатија на територија на Шуто Оризари со цел да достават во рок од 24 часа, детален список со спецификација на сета логистика и механизација(цистерни, камиони, приколки, прскалки, трактори со прскалки, заштитни ракавици, наочари, скафандери итн.), просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината, без надомест во интерес на спроведување на Акциониот план на Општината
  3. Се изготви писмено задолжение до директорите на сите општински основни училишта и ЈОУДГ „8ми Април“ и Средното училиште на територија на Општината, редовно да ги дезинфицираат влезовите и просторииите кои ги користи обезбедувањето како и дежурните вработени како и да достават список со спецификација на сета логистика и просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината
  4. Остварена е средба каде што се задолжени сите здруженија на граѓани кои делуваат на територја на Општина Шуто Оризари да достават список на сета логистика и и просторен и човечки потенцијал кои можат да и ги стават на располагање на општината како преку пренамена на средства од нивните постоечки донатори да обезбедат средства за обезбедување на хуманитарна помош на нај социјално загрозените лица.

Финално,Кризниот штаб даде упатства на секторот за Локален економски развој, да стапи во контат со сите релевантни домашни и интернационални донатори за обезбедување на средства или хуманитарна помош за социјално ранливата категорија на лица. На територоја на Општина Шуто Оризари, моментално се регистрирани 5020 семејства под социјален ризик.

Roma Press-  šutooriizari.com.mk