O Mickovski bichalga zoralo mesažo dji ko sa e bukarne tari carinakiri uprava

474

Carinakiri uprava tani majimportatno segmenti thaj zido savestar ikerelapes o stabiliteyi thaj k maribe mujal o kriminali, korupcija thaj nanukjli trgovija. Odoleske ka ovelen moro ikheripe, numa djakerava olendar hem śukar rezultatoja.

Khoni te gndinela so ka aćovel sa sar dji avdive, hovavgovela. Akava tribuj savore te djanen, thaj akava mesazo tano dji ko sa e carinakere bukarnenge ani uprava,thana taro hone(granice),mobilna timija ja palem upravakiri binal, vakerga o Mickovski ko dikhipe e Direktoreja Boban tari carinakori uprava.

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се на граничните премини, мобилните тимови или во управната зграда.

Ако мислат дека имаат право да работат надвор од законот, само затоа што се дел од овој систем, се лажат. Жестоко ќе бидат казнети. Ќе бидат фатени, изведени пред лицето на правдата и жестоко казнети. И тука нема ниту политичка, ниту етничка, ниту верска припадност. На сите треба да им биде јасно. Додека јас ја предводам владата, ова е принципот на работа. Тој ден кога јас нема да ја предводам владата, можат да работат како што мислат дека треба,укажа Мицковски.

Директорот Бобан кажа отприлика што се случуваше во месец јули, а што очекуваме да се случува јас ќе кажам. Очекуваме да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот, кој што за жал се случувал во минатото многу. Сакам да кажам дека преку таа борба и резултатите со таа борба, ние практично очекуваме поголеми приливи во самиот буџет.