Promoviribe o vahtavi tar dejbe zor upral e đuvla-Roma

777

Во организација на Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово,во Кочани беше промовиран Извештајот „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство врз жени во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“.
Со поддршка на „UN Women“ и EU Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово спроведе истражување за достапност и пристапот до услуги за жени и девојки Ромки кои преживеале насилство врз жени во рамки на проектот „Поддршка на жени Ромки да ги идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми пристапот до услуги за оние што кои преживеале насилство“.
На настанот присуствуваа голем број на Роми посебно од младата популација кои беа поздравени од Претседателот на „Националниот Ромски Центар“ од Куманово, Ашмет Елезовски кој воедно настанот го прогласи и за отворен а свои обраќања имаа и претставничките од Канцеларијата на „ UN Women“ од Скопје – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.
На настанот беа промовирани и креативните видеа: „На своја кожа“, „Девојки херојки“ и „Јас можам“.

Telal organizacija Nacionalnikano Romano Centro tar Kumanovo, ano Kočani sas promoviribe o Vahtavi tar kerde aktivitetija telal ikkheripe e đuvlen upral savende kerdoj tano zor uprql e đuvla ano Kičevo, Kumanovo, Veles, Prilep, Kočani thaj Štip.

Ikkeripnaja tar o UN WOMEN EU thaj i Birađaki organizacija Nacionalnikano Romano centro tar Kumanovo.

Ani čipota sas promoviribe thaj e videa amavkerde, ,,Đuvla Heroija” thaj ,,I me šhaj”.

Hazri kerga: Neđmedin Abdula- Roma Press-NRC