Simovski vakerla sakova jek dizutno importatno tano te ovel ginjimo thaj hramome ano avutno popis thaj odova ka ovel..

956

Ano angllal te agorkerel o popis bash evta divesenge dji i maj bari statistikani operacija ani them,Popisuime tane 1,3 milionija diutne, vakerna e eratutne khedime informacije.
O Avgo manus tar Rastrakoro zavodi bash statistika, Apostol Simevski, ano lavkeripe ki them bash o faktor vakerla soj tano optimisti thaj djakerela te oven ano bukvalno lavdendo savore hramome tar sa e tahana ki them, thaj jekh kher te na achovel bi hramome tar rig e manusenge save lingarena o avutno popis(popisuvacija).

На седум дена до финишот на најголемата статистичка операција во земјава, Пописот, веќе се попишани над 1,3 милиони граѓани, говорат вчерашните последни податоци.

Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во разговор за Фактор, вели дека е оптимист и дека очекува да бидат покриени буквално сите места во земјава, и ниту еден објект да не остане непосетен од страна на попишувачите.

Тој објаснува и дека е изнајдено решение за лицата кои моментално не се во своите домови, на пример оние кои подолг период престојуваат во своите викендички во одредени села или во други рурални населби во земјава.

„Доколку тие лица таму времено престојуваат, нашите попишувачи ќе дојдат токму на локацијата каде што во моментот се наоѓаат, и таму ќе ги попишат. Таму ги прашуваат каде точно живеат, односно каде се нивните адреси, и податоците се префрлаат во базите на адресите каде што тие вистински живеат. Тоа е позната метода за да се премости овој проблем, а за нас е најбитно што ќе ги собереме точните податоци за овие граѓани“, објаснува Симовски.