Виктор Димовски, досегашниот државен секретар во МНР ќе биде директор на новата Агенција за национална безбедност. Изборот на Димовски е предлог на премиерот, како што предвидува новото законско решение за АНБ, што ќе ја замени досегашната УБК. Димовски беше поранешен директор на Агенцијата за разузнавање од 2007 до 2009 година. Бил амбасадор во Србија и Црна Гора и во Израел. Новата Агенција на чие чело застанува Димовски ќе ја замени досегашната УБК. Во неа ќе работат само дел од кадрите од тајната полиција, бидејќи најавено е дека ќе следува процес на преиспитување на сите вработени во УБК. Во новата Агенција не треба да има место за оние кои во период од 5 години се компромитирале и учествувале во незаконското прислушување на илјадници граѓани. Законот за новата Агенција предвидува и поголема контрола при користењето на посебни истражни мерки што агенцијата има право да ги користи при следење на осомничени лица.
Viktor Dimovski, đjiakanutno raštrakoro sekretari ano MNR, anavkerdo thano bašh nevo direktori khi nevi Agencija bašh nacionalnikano arakhipe. Alosaribe e anaveske Dimovski thano bahani dendo kotar o presmieri e Utarale Makedonijako, thaj sar so si vakerdo anlarelapes hem sar nevi solucija ko ANB, savi ka preperel ko than đji čirutne agencijako UBK.
Dimovski sine thaj čirutno direktori khi Agencija bašh đjanlaripa thar 2007 đji ko 2009 berš. Ikerga thaj vi o than Ambasadori ani Srbija thaj Crna Gora vi agaar ko Izrael.
Akale neve agencijate akana vov ačhola sar čekaluno manuš.
Khi Agencija ka keren buti salde kadrija kotar e garavde bukarne thar policija, soske vakergapes ka kerelpes rodlaripe sa e đjiakanutne bukarnenge kotar o UBK.
Khi nevi agencija havlarelapes nane te ovel than bašh okola save 5 berša kerge buti thaj kompromitiringe vi lele than nakanonesko šunibe milja manušenge.
Hazri kerga:Roma Press