Париз официјално не ја открива својата позиција за денешниот министерски совет во Луксембург

1709

О Pariz anglal o bešipe panda na vakerela baš piri pozicija savi ka ovel ko vakeripe baš ikeripe o tavdipe tar lavkeripe e đjenipaske tar Makedonija –Albanija.
Ano info havlardo tar AL-Sat havlarelapes javinake kerdilopes pobuter kontaktija e pretstavnikonensar tar Raštrakere učipe numa anglal o tavdipe e ministeriumengere khedipnaske ko Luksemburg na vakerela piri pozicija baš đjenipe ani Utarali Makedonija. –Pobuter drabaren ano AL-Sat.

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ, јавува дописникот на МИА од Франција. Сите обиди да се добие официјалната позиција на Париз во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во Еврпската Унија, останаа без одговор. Од службата за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи не беа во можност да одговорат на телефонските и писмените барања. Единствените информации засега доаѓаат од неофицијални извори, како наводниот меморандум објавен од Блумберг. Париз според документот е против каков било датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да ја заврши реформата на својата „методологија“. Со меморандумот што на 10 октомври, наводно, го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

Hazri kerga:Roma Press-lendo AL-SAT