Можат ли Ромите на престојните председателски избори да имат свој кандидат?

3548

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Трајко Славевски, Ангелка Пеева Лауренчиќ, Имер Селмани…никаде не прочитав ром да се кандидира на ова вискоа државничка функција.

И покрај демократското право за кандидирање, на кандитат за високи државни функции ромски кандидати од осамостувањето па до денес немало.

Зошто, постоји ли некоја препрека која ни го затвара патот па и ние Ромите да имаме кандидат за председател на држава,без разлика колку се неговите шанси.

Неформално во Македонија живеат 53.879 иљади Роми или 2,66 %, бројки кои сигурно не ја одразуват вистинската бројка на Ромите во Македонија.

Неформално бројката на Ромите во Македонија е многу повисока од оние прикажани кои ги наоѓаме по официјалните страници на државните институции.

Ромите во Македонија според многумина не се политички фактор, од кој зависат државните политички одлуки, но се вистински избирачки фактор доколку ромските гласови се соединуват .

Досега, па можеби и во недоглед , благодарејки на многуте ромски политички партии, ромскиот избирачки електорат е поделен по основ на партизипација…

Можеме ли да го промениче текот на ромската политичка сцена во Македонија?

Ова прашање честопати се повторува од страна на ромската дијаспора.

Можеме , сигурно дека можеме, доколку се закопат ратните секири помеѓу ромските политички конкуренти, и се дава простор на формирање на заедничка ромска политичка платформа.

Кога сме заедно вклопени ништо не може да ни стои како препрека. Заедничата цел ја покажавме за време на референдумот за името.Немаше противник, ниту против кандидат, и најлутите ромски политички ривали и нивниот избирачки електорат беа сплотени со една цел смена на името за НАТО и Евроинтеграции.

Значи можеме, ако сакаме.

Ако тоа „сега е можно“ зошто да не пробаме да бидеме првите Роми во светот, кој ке имат свој кандидат за председател на држава.

Ова идеја за ромски кандидат за председател на Македонија веќе долго време кружи кај ромската дијаспора од Европа.

Можеби за некого ова е утопија, исто како и со првите почетоци околу формирањето на првата ромска општина во светот Шуто Оризари , која цели 23 години функционира со градоначалник Ром, со председател на советот Ром, и со 80% на ромски советници во Советот на општината. Реално е Ромите имат демократско право да изберат свој кандидат за председател.

Но не зависи од нас, зависи од ромските партиски лидери, дали ке се согласат во меѓусебен договор да предложат заеднички председателски кандидат, и тој истиот кандидат да го подржат на престојните председателски избори.

Заобиколувајки го политичкото ривалство, ќе го зближиме ромскиот електорат, кој е и те како раштркан по сите политички партии, и она што е најважно е, ќе се изброиме колку неофицијално не има во Република Македонија во однос на официјалната статистика на населението во Македонија.

Сега на вас е ред дали сакате да влезете во ромската историја , со што за првпат Ромите во светот ке имат свој кандидат за председател на една држава.

Македонија и нејзиниот демократски Устав ви го гарантира тоа право.

Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)