Kovacevski- Mangenali palpalem te irana amen ko vakti taro Gruevski kana sa totalitarnikano radjalipe

551

Gndinen bash savi them mangena te lachara bash amare chavore thaj unukoja.Mangenali ola te djivdinen ki phari repriza taro totalitarnikano radjalipe ko vakti taro Gruevski thaj oleskoro kriminalnikano timi ja palem savore barabar te lavhara tromakerdi, prosperitetnika i thaj evropsko idnina, vakerga o Dimitar Kovacevski, anglal o dizutne ko Radovis.
👇👇👇
Размислете каква држава сакате да градиме за нашите деца и внуци. Дали сакате тие да живеат во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина,укажа пред граганите на Радовиш, Димитар Ковачевски.

Вечерва, пред жителите на Радовиш порачав дека резултатот од гласањето на 24 април беше порака за СДСМ, а не глас против европската идеја. Ние ја сфативме пораката и ја прифативме казната, но во ниту еден момент не помислуваме да се откажеме од борбата за европска Македонија.

Конечниот резултат од изборите ќе биде оној од 8 мај. Затоа, ве повикувам сите, масовно да излезете на гласање и да ја поддржите единствената вистинска проевропска идеја и програма, да ги поддржите СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Потребен е силен СДСМ во Собранието за да не дозволиме ВМРО ДПМНЕ повторно да владее неконтролирано и да се коцка со иднината, стабилноста и безбедноста на државата.