NPR – Havlarga pere kandidate baś lokalnikane Alosaribe ano Šuto Orizari..

912

Đji ko amaro inboh resarga Havlaribe tar i Romani Partija NPR baš kandidati akale parrijako ano avutne Lokalna Alosaribe ani Komuna Śuto Orizari olengoro kandidati ovela o Demir Ismail(Demo)
Ano teluno hramovipe daja tumen o Havlarove savo sine bičaldo đji ko Roma Press.

Драги сопартијци, сестри и браќа, после неколкуте турбулентни месеци и настани во изминатиов период во врска со нашите напори и активности за подобрување на ситуацијата на Ромите во Р. Македонија, би сакал да ве информирам за следното.
Во насока на делувањето на НПР во 2021 година и во контекст на предстојните локални избори, должен сум да ве информирам за одлуките кои произлегуваат од донесените акти. За кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, Народната Партија на Ромите на предстојните локални избори во 2021 година го именува Г-дин Демир Исмаил (ДЕМО) од Скопје.
Ние од НПР сме цврсто и силно убедени дека го направивме вистинскиот избор бидејќи го слушаме повикот од народот и со ова ја остваруваме вољата на жителите на Шуто Оризари. Господинот Исмаил со години наназад е докажан хуманитарец и борец за човековите права и слободи, скоро да нема некој кој не го познава него и неговите добри дела. Убедени сме дека Г-дин Исмаил ќе ја донесе промената и правдата која народот на Шутка со години и децении нестрпливо ја очекуваат.
Со почит
Геге Демировски
Претседател на НПР
Ром за Ром