Колумна: Севгул А.- И ете.. помина?

520

Sajdime,avdisutno moro hramovipe tano bash i aktielno politicko sostojba e Romengiri,teleder sa hramovimo ani makedonikani chib sebepeja te shaj halovenamen thaj e naRoma.
👇👇👇
И ете.. помина?
Не е важно што е вистина,Важно е само таа како изгледа.

Успешно оддржаните претседателски и парламентарни избори во Македонија за прв пат се избра жена за претседател на државата Гордана Силјановска, се чека и составувањето на новата Влада за која неофицијално се говори дека ќе ја имаме до средината на месецот Јуни. Инаку познато е дека мандатот за составување на новата Влада ке ја предводи ВМРО-ДПМНЕ која истата имаше најмногу добиени пратенички мандати,а како најблизок коалициски партнер за влез во новата влада се најавува коалицијата ВЛЕН и новоформираната партија на Максим Д.
И тука се поставува прашањето-каква-ќе биде позицијата на Ромите во РМ? Еве изборите поминаа, позициите веќе се јасни како за извршната така и за законодавната власт.

Генерално, ние како Ромска заедница и на овие избори ги подржувавме сите политики на разно разни политички програми,учевствувавме скоро во сите коалиции со неромски партии генерално со веќе познатата пракса никогаш ние во заедничка коалиција со ромски политички субјекти? нема да говорам зошто,затоа што сите знаеме дека сеуште во нас владее синдромот на самобендисаност, мe o BARO и слично. Впрочем, во сите политички субјекти познато е дека политичарите се менлива категорија,но,за жал само кај нас тоа правило не важи,ако еднаш си избран за претседател на партија тогаш тој/таа останува на таа позиција до крајот на својот живот АФЕРИМ.

Се чека на новата влада, ромите се надеваат дека нема повторно заедницата да биде оставена на маргините како третта не битна заедница испуштена од општеството. Време е вистински да се даде можност на претставниците на ромската заедница да бидат вклучени во извршната власт каде индиректно ке можат да го променат дискурсот на сеопштите потреби на заедницата. Ромите секогаш својата политичка лојалност ја докажаја во практична форма,и логично се поставува прашање колку од тие едните/другите им возвратија на Ромската заедница? Затоа идната Влада ако вистински се бори во правецот на вистината тогаш многу брзо треба да изнајде механизми со донесување на брзи заклучоци со која би се подобрила состојбата на Ромската заедница,заедница која е маргинилизирана обесправена и дискриминирана.

И само ке напоменам!
Се уште Ромите се злоупотребени со балансерот, се уште неРоми се претставуваат како роми со тоа директно наштетуваат на заедницата које небарем малку, или воопшто не е видлива во одредени значајни позиции кои треба да припагаат според пописот и балансерот на Ромската заедница. СЕ уште на сите укажани докази и факти системот на нашата чудесна Македонија е глува НЕ РЕАГИРА.

Во поглед на тоа што незаинтересираността за демократскиот развој на Ромите говорат многу факти и докази,видовме дека немавме здрави и стабилни политички договарања, немаше на ниту една политичка опција договорени сигурни пратенички мандати,се уште официјално не се укажани и позиции во извршната власт и слично, па сега се чека на индивидуалните партиски политички договарања на поставување директори, раководители, началници во полициските структури(мвр)вработувања и други позиции за кои барем со закон за правична застапеност и фамозниот балансер треба Ромската заедница да биде застапена во процесите за еднакво претставување. Па да се НАДЕВАМЕ?

Ништо не може да ја замени упорноста,храбар е оној кој признава дека е кукавица!

М-р,Севгул Абдула