E diva deponie ani Komuna Suto Orizari bisterde tar i dis Skopje..

812

Bistergepes e bare deponie ani Komuna Suto Orizari, aso asavke bare deponie i Serutni Danela Arsovska denga poro lafi ka dujrarenpes tar sa e thana ano olakere avgo 82 dive tar olakiri buti, numa o teren na vakerela agaar.

Odova so shaj dikhelapes kaj kergapes aktivitetija pal dujraribe e deponie uzal o Kej Vardar,(sastrunali phurk)ko Trubarevo thaj Upruno Lisiće lende deponie upreder 4.000 kubnija.

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминаа на 28 јануари, а сеуште не е реализирано едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања – чистењето на сите диви депонии во Скопје.

Ставањето крај со дивите депонии во Скопје градоначалничката Арсовска во неколку наврати го потенцираше во предизборната кампања за локалните избори. Ова ветување е дел од програмата на градоначаничката.

ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина“, – стои во изјавата на градоначалничката Арсовска за време на предизборната кампања за локални избори дадена на 10 окотомври 2021 година.

Последна од дивите депонии што беше исчистена од градските власти е онаа на кејот на реката Вардар кај железничкиот мост, меѓу населбите Горно Лисиче и Трубарево. На оваа локација беа собрани 4.000 кубни метри отпад и градежен шут на површина од 13.000 метри квадратни.

Дивата депонија кон населбата Визбегово, по патот којшто води од Визбегово кон Шуто Оризари сеуште не е расчистена.

Локацијата на депонијата е „идеална“ за расфрлање на огромни количества отпад.

Целиот пат, штом се излезе од Визбегово кон Шуто Оризари, од левата и десната страна е преплавен со најразлично ѓубре во огромни количества – градежен шут, остатоци од мебел, комунален отпад и огромни вреќи со неидентификувана содржина.

Инаку, расфрланиот отпад кај Визбегово се чистеше во неколку наврати и во минатото со државни средства додека градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, но од состојбата на терен, очигледно е дека во моментов не е пронајдено систематско решение за проблемот со управување на отпадот во Шуто Оризари од страна на сегашната власт на Град Скопје.

Сликите кои ги промовираме до медиумите ја покажуваат опасностата како и засегнатоста на граѓаните на Општина Шуто Оризари кои што живеат во околните улице веднаш до дивата депонија.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

Hazri kerga: Erdjan M.- Roma apress