Почитувани,
Во однос на вчерашните случувања во општина Шуто Оризари ги повикуваме сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Ве информираме дека сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот.
Ги повикуваме граѓаните од општина Шуто Оризари да бидат претпазливи, доколку сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата/градинките да го направат истото, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата/градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности.
Ги охрабруваме граѓаните да отстапат место за ангажирањето на релевантните институции што е во прилог на безбедност и стабилност. Упатуваме апел до сите граѓани дека не постои простор за став и паника, ве охрабурваме да бидете смирени, слободно да ги извршувате вашите секојдневни активности и да покажете доверба во работата на релевантните служби кои се вклучени во процесот.
Со почит,
Општина Шуто Оризари
MAKEDONIA Havlaribe tharo Serutno e komunakoro Suto Orizario Kurto Dudus-Kuco