Jekto orientaciono dikhipe thar socijalnikano ekonomijako bedeni ano Š.O..

882

Раководителот на локалниот економски развој Срџан Амет ја свика првата ориентациона средба на Економско-Социјалниот Совет на Општина Шуто Оризари.

На средбата беа повикани претставници oд Центарот за социјална работа во Општина Шуто Оризари, претставници од граѓанскиот сектор, од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, бизнис секторот и младинскиот совет.

Согласно Статутот на Општина Шуто Оризари можат да се формираат локални совети кои ќе бидат во бенефит и функција на граѓаните.

Предвидената улога на советот е консултативно-советодавна, односно ќе се состои од давање на препораки и мислења врз основа на претходно утврдени програми креирани преку ангажирање на надворешни експерти за економско зајакнување на ромската популација.

Економско-социјалниот совет е во почетна фаза на генерирање, односно во фаза на планирање, а неговиот процес на финализирање е подржан од Претседателот на Општинскиот совет и поздравен од Градоначалникот Курто Дудуш.

На првата ориентациона средба, до локалната самоуправа беше предложено истоимениот совет да биде во континуирана соработка со младинскиот совет на Шуто Оризари. Истиот, може да послужи како превентивна мерка за потенцијалните баратели на азил и да придонесе за полесно интегрирање на повратниците од странство. Со цел да се обезбеди функционалност на Советот, потребен е ефективен консултативен процес и комуникација срочена во конкретизирана форма.

Меѓудругото, Советот треба да изнајде одговор на примарното прашањето, односно за како да се изнајдат ресурси за инвестирање во човечкиот капитал, домување и здравство со цел да се креира на поголемиот ,,мозаик со предизвици”.

За време на средбата, беше посочено дека дискриминацијата која е помала во помалку населените места, сеуште егзистира во општествениот систем, а социјалниот ризик се пренесува од генерација на генерација.

Воедно, се даде особено значење на потребата од развојот на социјалните претпријатија, потребата од отворање на одделение на Агенцијата за Вработување во РСМ во Шуто Оризари за доближување на мерките за вработување до граѓаните.

Претставникот од бизнис заедницата посочи дека потребно е формирање на наменски фонд за промоција на пазарот во Шуто Оризари, неизбежно е да се работи на зачувување на неговата уникатност за подобро справување со лојалната конкуренција на економскиот пазар.

Рома Пресс  лендо вебсајт-Ш.О