Во литература сеуштe е присутна дебатата дали тоа што им се случи на Ромите во текот на Втората Светска Војна е дел од Холокаустот или е само уште еден немил настан, сличен на многу минати и сегашни настани. Секако, “заборавениот“ Холокауст на Ромите (познат како Samudaripen) е дел од историјата на Ромите кој не смее да се заборави. Заборавениот Холокауст, претставува екстерминација на околу 220.000 Роми за време на геноцидот на нацистите. Тешко е да се прикаже вистинскиот број на жртви од ваквото долго – одрекувано поглавје од Холокаустот, но предвидувањата се некаде околу 250.000 до 500.000 Роми. Судбината на Ромите била слична со онаа на Евреите. Германските нацисти лесно го убедија останатиот свет “докажувајќи“ дека Ромската нација е рационално инфериорна од останатите со помош на постоечките социјални предрасуди кон Ромите. Во таквиот контекст многу Роми од околината на Полска, Русија, Германија и други држави се депортирани во концентрациониот логор во Аушвиц – Биркенау. Како резултат на ваквата политика, во Аушвиц директно се воспоставува Ромски концентрационен камп. Разликата со еврејските кампови е во тоа што Ромските семејства не биле поделени, цели семејства со нивните деца “преживуваа заедно“ во тие кампови. Во дискусија еден од директно одговорните лица за Ромскиот камп монструозниот доктор Јозеф Менгеле кој извршувал секакви ескперименти врз ромското население, особено врз ромските деца. Сведочењата на многу деца е дека тој се однесувал како татко со нив, бил дарежлив, им делел чоколади и така ги примамувал во неговата канцаларија каде што вршел секакви експерименти, тестирајќи ја нивната издржливост со тивка смрт. Многу Роми во овој период, покрај ваквите прогони изумираат и од глад и истоштеност, болести (тифус) итн. Ноќта 2ри наспроти 3ти август 1944, Ромскиот камп е “збришан“. Специјалните германски трупи СС ги намамуваат ромските семејства во гасните комори и ги одземаат нивните животи. Во книгата на Јитзак Арад – преживеаниот Јакоб Виерник го опишува доаѓањето на голема група Роми во кампот Треблинка, во летото 1943. “Еден ден, додека работев покрај оградата, приметив како Германците и Украинците прават специјални подготовки.. во исто време оградата се отвори и повеќе од 1000 Роми дојдоа во кампот. Околу 200 беа мажи останатите беа жени и деца… Сите Роми беа однесни во гасните комори и потоа запалени…„ Денес, после 73 години од овој геноцид сеуште се дискутира дали навистина ова се случило. Многумина од нас, прв пат слушаат за холокаустот врз Ромите. Во историјата од нашите учебници, енциклопедии ги истакнуваме фактите за светските војни, ги славиме победниците, но ги забораваме жртвите кои достојно ја заслужуваат нашата почит. Во 2012 година, во рамките на Европската Унија на иницијатива на ромскиот активист Николае Ѓорге, се поднесе Резолуција за признавање на Ромксиот Холокауст и одбележување на 2 август за Ромските жртви во текот на Втората Светската Војна. Некои земји како што е Полска овој ден го одбележуваат на национално ниво, во Унгарија, Бугарија, Романија на овој ден се организираат протестни маршови или други случувања кои потсетуваат за Ромите жртви од логорите. Секако останува важно прашање, дали Ромските политичари во Македониија ќе се обидат да поднесат барање за одбележување и признавање на овој ден? Во Македонија, Ромското население достојно им одразува почит на нашите браќа/сестри Роми кои загинаа во текот на Втората светска војна. Вечна им слава.
Тимот на Ромалит подготвена за Рома Пресс