Avdive dikhipe maškar o ministeri andrune bukenge Oliver S thaj o nevo ambasadori tarHolandija Dirk Jan Kop

1162

Денеска во Министерството за внатрешни работи имав работен состанок со Дирк Јан Коп, новоназначен Амбасадор на Кралството Холандија за Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за предвидените реформи во безбедносниот систем во Република Северна Македонија, безбедносните мерки кои се преземаат од страна на Министерството за внатрешни работи за целите на зачувување на глобалната безбедност, плановите за функционирање на службите во рамките на Министерството за внатрешни работи и надвор како и одличната досегашна соработка помеѓу двете земји.

Од страна на Амбасадорот бесе посочено дека набрзо очекуваат да станеме партнери во НАТО и истовремено изрази целосна поддршка за нашите аспирациите во ЕУ.