Патештествие на Ромско семејство и здравствените работници..

1789

Денес говориме со Ромско семејство од општината Шуто Оризари како и за нивното патешстествие во една од ургентни центри во Скопје. Пред нас говорат родител Н.С. граѓанин на Република Северна Македонија, укажувајкиго искуството поминато во здравствените установи како им се дава здравствена ургенција и на каков начин во овој случај се работи за глувонеми лица.

  • Какво е вашето искуство со здравствените институции, и како реагирале докторите и помошниците кога вие со вашата снаа побаравте помош и ургенција?

-Паметам дека последниот настан што се случи со нас и нашето семејство тоа беше еден ден од месецот Август, и тоа секогаш ке остане во нашето секавање. Инаку јас сум родител на глувонеми деца и две внуци исто така глувонеми, една кобна нок со големи болки во желудник, повракање ја носиме како итен случај невестата односно мајката на моите внуци во една од скопските клиники, познавајкиго начинот како ке бидеме третирани уште од дома се спремаме на се што е веке за нас очекувано, говорам за соодносот помегу здравствените работници и ние како пациент. Кога имаш мака, а и немоќ се соочуваш со секаков проблем, најпрвин седиме и чекаме нешто повеке од 90-минути без да бидеме прашани зошто сме дојдени, и кога на еднаш се појавува болничар и вели-Што чекате вие, Ние така чудно го гледаме и велиме- Да ние веке чекаме малку повеке време од потребното и  ја кажуваме  болката на невестата, оддеднаш медицинското лице ни укажува, Е доброде чекавте и еве сега сте на ред ке биде, тоа не е ништо итно. Додека чекаше невестата да не претераме ама уште нај малку десет пати  се поврака во истата здравствена установа и тоа никој не го зема во предвид како дел од нивната работа укажувајки барем прва помош. Добро чекајте ке ве повикаме. Еден влегува втор излегува, кој од некаде излегува влегува со различни случаеви а ние така останавме на страна чекајки некој да не прозива. Си велам ние сега како Роми, од кога да барам помош, за кој да му се јавам барем за мала ургенција.

  • Дали ѓи известивте докторите дека се работи за итен случај?

– Видете сега пред малку ви укажав дека здравствената книшка ми беше  веке земана од здравствен работник кој ми укажа да чекам. Згора на се увидоа дека сум со приоритетен упат, цела недела не е најадена невестата, со интезивни повракана и болки во желудник што може друго да направиме освен да чекаме. Исто така на неколку наврати му укажуваме на медицинскиот работник неестата од болки почна да плаче неможе повеке да издржи, и истиот одговор-Секој случај има итен карактер, во нашата установа идат итни случаеви и ние знаеме кој е со поитен карактер и на кого мора веднаш да се ургира, седете надвор ке ве повикам. Во тој момент додека чекавме надвор се присетив и јас на еден од нашите роднини кој можеби би можел да ни излезе во пресрет, го контактираме на телефон и навистина имал познаник кој работи во истата установа, и кога веке се ургира тогаш веке целата состојба се применува веднаш не повикуваат да влеземе внатре и првиот збор- Зошто не ни укажувате дека сте роднини и пријатели со тој и тој… и веднаш се забележува пристапот поианков, лубезноста како и посебниот третман дека се работи за слушај со глувонемо лице.

*  Од како влеговте во Амболантава за преглед како беше нивниот пристап кон вас?

–  Од кога влеговме внатре лубезноста како и брзата интервенција беше на големо високо ниво, веднаш започнување со терапии, во ист момент правење на анализи (крв и урина). Навистина за после ургенцијата едноставно ние во тој момент се чувствувавме како еден од најсрекните семејства во Македонија, третирани како  посебни лица, без чекање и малтретирање, едноставно ова ми беше прв пат да се чувствувам дека навистина во Северна Македонија може да се промени соодносот како и принципот на работата на здравствените работници со обичните пациентите посебно кон Ромската етничка заедница. Едноставно ако се сака или- ако навистина се  задоволни од  работата за која дадоа многу труд и знаење но исто така и Хипократова заклетва работите можат да се променат и да чекориме напред.

*  Дали мислите дека нивниод однос кон вас беше таков само поради тоа што сте Ром?

– Да, мислам дека ДА затоа што едноставно во тоа се уверив, се додека и ние не најдовме некој со едноставна и мала ургенција од роднина се до тогаш бевме третирани како нај не битни суштества кои едноставно само седат надвор и треба да чекаат. Но за посте ургенцијата ние веке имавме различен третман. Јас цело време ви укажувам со факти примери што се случи лично со мене и вам ви личи дека сме биле ние третирани еднакви према другите НЕ ви говорам НЕ (до пред ургенцијата). А за потоа здравствените работници својата работа ја работат пожртвуван, но се уште постои таа селективна и етникча неправда која треба да биде изоставена барем од здравствените работници затоа што тие едноставно работат со пациенти кои од нив очекуваат живот или смрт.         

*  Каква здравствена интервенција и беше дадена  на вашата снаа (глувонемо лице С.Л)?

– Веднаш беше ставена под вештачка храна, упатени ренген снимка (крв урина итн) чекавме да се соберат сите птребни анализи за  потоа да и се даде соодветна терапија, до крај беа коректни со нас и нашето семејство.

*  Сосема за крај ваш апел до нашите читатели?

– Јас, сосема  на крај најпрвин како родител и носител на шест члено Ромско семејство, од кои четири се глувонеми лица. Апелирам до сите здравствени работници да се држат до својата дадена Хипократова заклетва и нека сите пациенти не се селектираат според нивната раса боја на лице и друго, сепак сите сме луѓе, да некој може да има некој познаник, пријател или роднина, но исто така и голем дел од пациентите и немаат таква можност, секако треба и тиа да го имааат истиот третман. Едноставно пред  вработените здравствени работници пациентите треба сите да бидат еднакви, да немаме различни бариери. Апелирам до сите да ги промениме нашите наративи во соодносот, здравствен работник – пациент и обратно.

Укажувањето е говорено од лицето  Н.С.- Општина Шуто Оризари.

Ова интервју ќе послужи како инспирација за театарскиот проект ,,ЛАВИРИНТ’’ на Театар Рома

Интервјуто е во рамки на проектот ,,Менување на наративите за Ромите во здравствените институции’’. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Интервјуто го подготвил и реализира: Ерџан М. Неџмедин А.-Рома Пресс.