Partijako khedipe tar PDPR-Delčevo

1169

Ano Delčevo sas khedipe tar i partija PDPR savo dikhlepes e pretstavnikonensar tar partijake ogranokija mangipnaja te anen poro paluno stavi savo phiribe ka ovel e partija ano anglunipe thaj olengoro gndipe baš aktuelno politikaki situacija ani Utarali Makedonija.

Drabaren teleder ani Makedonikani čhib..

Во Делчево се одржа состанок на ограноците на Партијата за демократски просперитет на Ромите од Штип, Кочани Виница, Делчево, Берово и Пехчево. На состанокот беше разгледана актуелната политичка состојба во државата и притоа беа донесени неколку заклучоци околу дејствувањето на партијата. На прес конференцијата која се одржа по оваа средба, претседателот на партијата Аксел Ахмедовски истакна дека и покрај недобивањето датум за преговори со ЕУ, државата треба да продолжи на тој пат, преку создавање услови за благосостојба на граѓаните.

Изразуваме пофалба за непосредното и скоро членство во НАТО Алијансата како стратешка цел на Македонија, но во исто време изразуваме и длабоко жалење за голамата жртва што ја направи нашата земја во однос на договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор кој опфати едно од најчувствителните прашања, а тоа е промената името, но за возврат не се отворија вратите за влез во ЕУ, односно не е добиен датум за отпочнување на предпристапните преговори за членство во Унијата, а што беше и е приротиет на сите политички субјекти без разлика дали се парламентарни или вонпарламентарни, рече Ахмедовски.
Како прв приротитет за решавање на проблемите на граѓаните од ромска националност Ахмедовски на вечерашнава прес конференцијата го посочи Домувањето.

Бараме под итно да се изврши урбанизација во сите ромски маала, обезбедување електрична енергија и доволно напон во секое семејство, обезбедување дом на секое бездомно семејство,
соодветна правична застапеност на Ромите во институциите од јавен карактер, како сервисодаватели за разлика од популистичкиот израз на сите владејачки гарнитури, бидејки со години наназад е воспоставена намерна пракса за нееднаквото третирање на таквата застапеност на Ромската заедница која што е констатирана и во Европскиот извештај за напредокот на Македонија за членството во ЕУ.
Од ПДПР ја известија јавноста дека на 1 декември ПДПР ќе одржи Централен одбор на кој ќе биде соопштен ставот за понатамошното делување на партијата.

ROMA PRESS