Diskriminacija ano Prilep telal i fundav na jekajek čhane resipe đi o pani pijbasko

1310

Apelacijako adelati (sud) ani Bitola anlarga diskriminacija pal funda tar etnikani kedin odokeja so nandelapes jekhajek šajipe te resarelpws đi o pani pijbnaske.

Akava problemi si penđardo pobuter berša kaj jek pobare kupake na delapes šajipe sar te resarel o pani đi adala jerije save đivdibena ano uprune kotora.

Kerlapes lafi bas vazdimo bangivalo kotor mujal JKP Vodovod i kanalizacija aso na deiba jekajek šajipe jerijenge tar Romani jekin te ovelen avimo đi olende o jekajek pani sar so resarela sa đi averende save nanaj Roma.

Апелациониот суд Битола утврди дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ја информира јавноста дека на 13.12.2019 година Апелациониот суд Битола донесе пресуда со која ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им  оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.
Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.  Тужителите, во постапка поддржана од МЗМП, побараа судска заштита сметајќи дека правото на еднаков третман со неовозможувањето пристап до чиста и здрава вода за пиење е резултат на нивната припадност на ромската етничка заедница која живее во РСМ. Основниот суд во Прилеп ја одби нивната тужба како неоснована на што тужителите изјавија жалба.
Апелациониот суд во Битола жалбата ја уважи и првостепената пресуда ја преиначи во корист на тужителите. Според Судот, тужените, Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација, не успеале да докажат дека не извршиле дискриминација, и поради тоа ја усвоил тужбата. Со ова Судот непосредно и правилно го применил правилото  според кое товарот на докажување дали постои или не дискриминација е на страната на тужените, не на тужителите. Со ваквата одлука се создава позитивна судска пракса која го олеснува пристапот до правда на жртвите на дискриминација.
За поздравување е и примената на Судот на одредбата од Уставот на РСМ според која водата е издигната на степен добро од општ интерес за државата како и на резулуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/Res/64/292 од 28.7.2010 год. со која пристапот до вода, водовод и канализација е признато како човеково право.
Тужителите беа застапувана од адвокат Емил Паришко од Битола, член на тимот на адвокати на Македонското здружение на млади правници.

Hazri kerga: Neđmedin A.Roma Pres link http://myla.org.mk/%d1%83%d1%82%d0%b2%d1%80%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5/