Bilače havajeke sulukoja thane astarde saste dizja ano regioni..

1093

Sa e šerutne dizja thar o regioni thane astarde bare bilače havajeke sulukoja, thaj i sasti resarin thani bilači vakeribnaja tar sa e Rađe tar pašutne raštre.
Ekstremno si astarde bilače havajek sulukoja registririme tane i dis Saraevo,Belgrad, Zagreb, Skopje, numa thaj i Sofija hem o Bukurešt.
Pobuter drabaren ani Makedonikani čhib.

Речиси сите градови во регионот деновиве се енормно загадени, а дека ситуацијата е драматична говорат и итните седници на властите во повеќето соседни земји, кои преку вонредни мерки се обидуваат да ги намалат последиците од загадувањето. Екстремно загаден воздух е регистриран во Сараево, Белград, Загреб, Скопје, но и во Софија и во Букурешт, а загадувањето во најголем случај е предизвикано од термоцентралите на јаглен, индустријата, стариот возен парк и од загревањето на домовите.
Последните денови временските услови без ветер и густата магла го влошија проблемот – пишува „Њујорк тајмс“ во текстот посветен на загадувањето на балканските градови, а во кој според загаденоста особено се издвојува Сараево, главниот град на БиХ.
Експертите предупредуваат дека овие, но и другите еколошки проблеми, би можеле дури и да ги блокираат напорите на балканските земји за придружување на Европската Унија.

Roma Press