Zorjaja ikavdo tar busi studenti Sirhan Usein..

7163

Насилнички ме симнаа од градски автобус и се изживуваа врз мене. Вака студентот на правен факултет, Сирхан Усеин го опишува немилиот настан кој му се случил денеска во Скопје.
Тој вели дека се почувствувал дискриминиран, навреден, засрамен.

Пред влезната врата патници се буткаат да влезат внатре во автобусот. Кога доаѓа ред да влезам јас, еден повозрасен човек насилно ме бутка. Јас му велам дека сите ќе влеземе, нема потреба да се буткаме. Повозрасниот употребува пцовка упатена кон мајка ми. Му се обраќам да не биде прост, да не ме пцуе и да не се однесува така. По влегувањето внатре во автобусот повозрасниот човек седнува до двајца контролори, кои го прашуваа нешто на албански јазик. Контролорот станува и од цел автобус, јас во средина на автобусот, ми бара билет. Му поставувам прашање зошто само мене, а не и на другите. Тоа што следува како одговор е дека така он сака. Му објаснувам дека е ова дискриминација и дека јас сум студент и имам годишен билет и дека ќе го пријавам во полиција. Во истиот момент се јавувам во полиција и додека објаснувам по телефон што е причината за моето јавување следи одговорот на контролорот дека они се главни и ќе прават како они сакаат. Додека зборувам на телефон со полицаецот, следат закани од контролорите дека ќе ме удрат. Се дерат на мене, насилно. Со сила ме фаќат за рака и ме буткат надвор, при што ми паѓа телефонот на тротоар. Цело време додека се случува ова јас разговарам со полициското лице на телефон. Ме симнуваат со примена на насилство врз мене на автобуска станица во Гази Баба. Откако ме симнуваат на станица насилно ми го земаат билетот. Го проверуваат и се уверуваат дека имам годишен билет и ладно и идиотски ми го фрлаат на земја. Земам да го сликам и им велам дека ќе го кажам ова на полицијата. Контролорите ми велат, дека може сам сум го фрлил билетот. Следи прашањето дали некогаш сум јадел ќотек и дека може ако сака к** во уста ќе ми стави. Еден од контролорите пали цигара и се заканува дека ќе ми ја изгаси на чело. Пред да заминат ми се закануваат дека не сум знаел со кој имам работа – раскажува студентот.

Им рекол дека сега ќе дојде полиција, но тие заминале, па самиот дал изјава за во полициски записник.

Немам веќе сила да бидам дискриминиран, потиснат и спрема мене и сличните на мене, да нема еднаков пристап, само затоа што сме различи на повеќе начини. Мислам треба да дојде крај на ова под итно – реагира Усеин и најавува дека ќе ја бара правдата на суд.

Roma Press- izvor taze.mk