Известување-МТСП-за-Правото-на-Помош-и-нега-од-друго-лице

1860

Министерството за труд и социјална политика по однос на примената на член 51 од Законот за социјалната заштита (Сл.весник на РСМ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019) ве известува дека:

1.        Лицата кои ќе поднесуваат барања по 10.02.2020 година треба да се упатуваат на “Мој термин” преку матичен лекар, за што матичните лекари се известени од страна на Министерството за здравство.
2.       Од 02.03.2020 година комисиите за оцена  на потребата од помош и нега од друго лице формирани во јавните здравствени установи ќе почнат да работат на “Мој термин” закажан преку матичен лекар.
3.       Подносителите на барање за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице кон барањето ќе ги приложуваат Мислењето од матичен лекар со Бартеловиот индекс и целокупната медицинска документација.
На закажаниот термин подносителот на барањето ќе го носи само Мислењето од матичен лекар со Бартеловиот индекс, без медицинската документација. Медицинската документација останува во центарот за социјална работа.
4.      Стручните комисии ќе носат наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице врз основа на непосреден преглед на подносителот на барањето и мислењето од матичен лекар со Бартеловиот индекс кој ќе го носат со себе на закажаниот термин. Доколку лицето не може да се јави на закажаниот термин, со потврда од матичен лекар на закажаниот термин доаѓа близок сродник, а комисијата одлучува врз основа на медицинска документација.
5.       Предметите за кои веќе е поднесено барање за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице потребно е да ги доставите до комисиите согласно претходно дадениот распоред заклучно со 12.02.2020г. По оваа дата комисиите нема да ги примаат предметите од страна на центрите за социјална работа.
6.       Мислењето од матичен лекар со Бартеловиот индекс и наодот, оцената и мислењето за потребата од помош и нега од друго лице, центарот за социјална работа ќе ги зема од стручните комисии   во договор со овластеното лице на комисијата не помалку од еднаш неделно  во тековниот месец.
7.       Центарот за социјална работа е должен во рок од 30 дена од денот кога се вратени мислењето од матичен лекар со Бартеловиот индекс  и донесениот наод од страна на стручните комисии да постапи со донесување соодвени решенија и нивно доставување до подносителите на барањата за оставрување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице.

Со почит

Romapress.mk