80 hangonensar avdive nakla thar o Khedipe o kanoni baš ministeriumi baš arakipe (odbrana)..

918

Со 80 гласа „за“ денеска во Собранието беше изгласан Законот за одбрана. За Законот не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не беа ниту во салата.

По завршување на гласањето, во салата влегоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а пратеничката Жаклина Пешевска со викање тргна кон Нола Исмајлоска-Старова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Исмајловска-Старова пред гласањето од говорницата кажа дека лицемерно е што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за Законот за одбрана, кога 7 пратеници меѓу кои и Жаклина Пешевска гласале за промена на името на Армијата во Армија на Република Северна Македонија, кога ги поддржале измените на  Законот за служба во Армијата.

„Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш“, викаше Пешевска и удираше на масата пред Исмајлоска-Старова. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја смируваа нивната колешка, тргајќи ја настрана и велејќи и дека времето ќе покаже дека таа била во право. На оваа седница донесен е и Законот за Совет на јавни обвинители.

Претседателот Талат Џафери потоа ја отвори седницата за распуштање на Собранието. Но, откако ги повика пратениците да се пријават за збор, рече дека седницата ја прекинува и по барање на 20 пратеници ја закажува 131 седница, за усвојување на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. По завршување на таа седница ќе се продолжи со седницата за распуштање на Собранието.

Претодно, Законот за Јавно обвинителство беше изгласан по второто гласање, откако првото гласање во кое гласаа 74 пратеници претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи, бидејќи на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето. Поради тоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпише законот и најавија дека нема да присуствуваат на седниците на кои ќе се гласаат Законот за одбрана и Законот за Совет на јавни обвинители и ќе учествуваат само на седницата за распуштање на Собранието.

Lendo tar sdk.mk