РАН-Со реакција на навредливата и дискриминаторска изјава на Живорад Ајдачиќ

132

RAN-sar bedeni taro Romane mediumija- Roma Press, Euromapres thaj o 24-Vakti, keraja reakcija bash o naśukar diskriminatorsko izjava taro bicaldo Zivorad Ajdaćik,savo peskere lavkeribnaja vakerga:,,Ma te kera lafi so isi amen emisija ko 19:00 ari, ma te halovenman bange, ko 19:00 ari isi emisija ki cigansko ćhib”.

Akale lafjorencar koristibnaja asavko termini savo but ćirla tano ćinavdo tari ikjeripe,Ajdaćik sikavela na salde so nane ole sajdipe upral o Roma numa hem direktno vazdarela diskriminacija.

Teleder isi tumen linko taro video👇👇

Ромските медиуми – Еуромапрес, Рома прес и 24 Вакти – остро реагираат на навредливата и дискриминаторска изјава на пратеникот Живорад Ајдачиќ, кој во своето обраќање во парламентот изјави: „Да не зборуваме дека имаме емисија во 19 часот, не ме сфаќајте погрешно, во 19 часот има емисија на цигански јазик“.

Со вакви зборови, кои го потценуваат ромскиот јазик и култура, Ајдачиќ покажува не само непочитување кон ромската заедница туку и директно поттикнува дискриминација. Наведувањето на емитувањето на ромска програма во ударен термин како „негативна појава“ е јасен показател за предрасудите со кои Ромите и понатаму се соочуваат во Србија.

Ја потсетуваме јавноста и институциите дека ромскиот јазик е признат и заштитен јазик, дел од културното богатство на оваа држава, а ваквите програми се важен дел од напорите за зачувување на нашата култура и идентитет.

Бараме и повикуваме на итна осуда на ваквиот говор од страна на институциите и медиумите. Ромската заедница заслужува почит, еднакви можности и поддршка, а не омаловажување и навреди.

Видео:ScreenRecording_01-26-2025 14-51-24_1