O Šerutno tari komuna Šuto Orizari, Kurto Duduś,ko phravdo putrela konflikti e dizjaja Skopje mujal i Danela Arsovska, vakerindor duj berś garavela i laď thaj na bukarnipe e dizjako Skopje. Ano peseskkro fb. profili iklilo peskere informacijaja vakerindor i dis thaj o javna pretprijatija na avena redovno te len o gubre taro dizutne, aso adala pretprijatija preperena telo o vas tari Arsovska.
Dive anglal te ikergol o protest muklen mange emisarija te shaj kerena upral mande pritisok te na ikerav protest, vakerindor te na odlozingumle tadani tut ka oveltut buti mancar, vakerga o Duduś.
Aso i Arsovska iklovela prekal peskere izjavaja tari dis Skopje vakerindor,Salde ani Makedonija, te arakeja funkcionere ko kriminali tadani ov iklovela tuke ko protest. Kurto Duduś pukinkerela pe dizutnenge so lela o gubre aso pallo odova frdelale ko avera thana savo si oleskoro privatno imoti thaj kjerela diva deponie.
Akaharava o organija MVR i thaj o javno obvinitelstvo te kuven ko rodlaripe telal amare dokazija save ka oven dendime prekal video materijali,izjave thaj dikumentacie,vakerela i Arsovska mujal(protiv)o Kurto Dudus, vakerindor na mangela i dis Skopje te cistinel e deponije save kerelalen ov.
Roma Press, avdive kerga rodlaripe bash e so duj riga te śhaj resaraja ko informacie save rigatar (strana)vakerlapes o ćaćhipe, ďjanidor dali bajrovela akaja holi tari Arsovska bash lingaripe e Romen anglal i dis Skopje, ja palem isili ćaće so kerlapes diva deponie ko Šuto Orizari, ka ďjakera akava spor savo agor(kraj)ka ovelle.
Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, јавно проговори за веќе две годишното игнорирање на активностите при собирање на сметот во Шуто Оризари, како несовесното работење на градот Скопје и градоначалникот Данела Арсовска.
Дудуш, на својот на својот фб.профил укажа, Шуто Оризари веќе ВТОРА година тоне во отпад кој вие од домаќинствата не го собирате редовно поради како што милувате да кажете виновни се сите други а вие раководите со градот и сите јавни претпријатија. Ден пред закажаниот протест кој беше организиран по барање од граѓаните на општина Шуто Оризари пуштивте емисари да ми се пренесат да го одложам закажаниот протест рековте ако не го одложи “ЈАС ЛИЧНО ЌЕ ИМАМ РАБОТА СО НЕГО”.
Ве прашувам затоа ли го ангажиравте комуналниот инспекторат на градот Скопје 24/7 да врши контроли врз работата на нашите комунални служби кои ја завршуваат вашата работа,но,и тенденциозно сакате да креирате инциденти со цел за мое лично оцрнување?
Данела Арсовска,со контра реприка упатена до градоначалникот Дудуш,Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам.
За жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш.
Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје. Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави“,информираат од градот Скопје.
Hazri kerga:Roma Press- izvor G.Skopje,fb.Kuco.