Avdisaske tani akhardi i konstitutivnikani beshin taro nevo djenipe ko Sobranie..

454

Foto:lendo tari arhiva Sobranie.

Avdisaske ano Khedipe(sobranie) trubuj taro 11:00 ari te thavdel o konstitutiviphe taro nevo djenipenko parlamenti pali o ikjerde parlamentareskere khedipa ki Makedonija ikjerime ano 8-to Maj.
Ano bukjako niche trubuj te keren lafi bash o trin nukte(tocke)thaj odova:
– Anavkeripe presidenti thaj djene ki verifikaciono komisija.
– Verifikuvipe o mandatija e pratenikongere.
– Alosaribe nevo presidenti,telal presidenti parlamentareskoro thaj djene ani komisija.
– Anavkeripe nevo presidenti ko Sobranie.

Bash lavkeripe e bicalden isilen nijami te keren lafi pal akala predlogija maj but trin dive, jali pali aniba o phanlo lafi presidenteskkro tadana agorkerela.
O Khedipe ginjela 120 pratenikoja, numa avdive ka oven akharde 118, sebepeja so bashno palune duj so sine sar neve khuvde trubuj taro DIK te oven vakerdo olengoro mandati.
👇👇👇
Денеска во Собранието треба да започне седницата на која ќе биде конституиран новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај.
Почетокот на седницата е закажан за во 11 часот, а на дневен ред се четири точки.

* Избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија;

* Верификација на мандатите на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија;

* Предлог за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија;

* Избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
Според новиот Деловник за работа на законодавниот дом, конститутивната седница може да трае најмногу три дена, а завршува со изборот на претседател на Собранието.

Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.

Новиот парламентарен состав ќе брои 120 пратеници, но на денешната седница се очекува да присуствуваат 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и кои добија уверенија од ДИК. За останатите два мандати за кои се прегласуваше минатата среда (22 мај) сè уште течат жалбените постапки.