Девојките и жените од ромската етничка заедница од државата добија поволни услови за образование и учество на пазарот на труд. Но бројките засега го покажуваат спротивното. Порасна бројот на Ромките со средно образование, но факултетот сѐ уште се чини е табу-тема во ромската заедница. Сепак, состојбата не е толку црна како пред неколку децении, кога во однос на образованието Ромките беа синоним за неписменост. На што се должи малиот број дипломирани Ромки во последните неколку години, кога државата доделува и над 100 студентски стипендии во една академска година со цел преку образованието Ромите целосно да се интегрираат во општеството. 24-годишната Сибел Бајрам од Скопје е една од ретките млади Ромки во македoнското општество со високо образование. Добитничка е на Националната награда за волонтерство на Република Македонија за 2015 година за своите волонтерски ангажмани, кои се од голема помош за ромската заедница.
E đuvla tari Romani kedin resarge ko šukar edukacijake šartija baši bajrovipe o siklovipe thaj odoleja ovelalen jekhajek than ko sasoitnipe thaj ko bukarnipe. Akanasaske o numero sikave na odoborom šukar rezultatija kana si ko pučhipe e Romane đuvla. O numero taro Romane đuvla tano bajrovimo ko Maškarutne siklane, numa panda ačovela sar tabu-tema baši o fakulteti agorkeribaske maškar o Romane đuvla.
Numa sar tej nane bašh odoborom bilače sar so sine po čirla, akana si ko pošukar dikhipe o vakti tadani thaj akanutno kana dočhivelapes ko pučhipe i Edukacija e Romane đuvlaki, tadani vakerelapes baši i romani đuvli so nanela nisavi agorkerdi siklovni, numa akana nane agaar.
Lendo linko taro www: fakulteti.mk