Колумна: Повеќе се знае за марсовците отколку за Ромите

4193

Понекогаш сакам да пцујам, сто посто да употребам зборови крајно вулгарни не само кон инвидуи, туку кон една цела национална заедница, која нема слух за геноцидните, омаловажувачки дискредитирачки говори, и ширење на омраза кон ромската заедница. Пред неполн месец објавив една таква статија со делумично крајно безобразно употребуван вокабулар.Многу мои стари пријатели па меѓу нив и некои ново стекнати преку ова “електрична машина“ не можеле да поверуват дека е тоа моја објава.Некој помисли дека мојот ФБ профил бил хакиран.

Не , не бил хакиран, некогаш револтот е толку голем , што ми доаѓа да врекам со сиот глас до небото , како би можел Дедо Господ да ја чује мојата вреска, за една заедница која со ништо посебно заслужила епитет да биде сотрана, истребена, понижувана и малтретирана. Се обидувам да го ставам “јазикот под забите“, да бидам фин и културен, оти тие не познават Ром , со такви перфектни “БОН ТОН “манири.

Тие познават “цигани“ кои се прљави,просјаци, не едуцирани,лажговци, ситни криминалци…сите имат посебно мислење за Ромите, но никој ништо не знае за нив . За жал повеќе знаат за марсовците одколку за Ромите. Гледајки го туѓиот двор, заборавија да го ичистат сопствениот, од долгодишното гомно, чии смрад се осеќа дури и во Европа.

Иако во Р.С Македонија 2019 година стапува на сила законот за говор на омраза, ширење на материјали преку интернет кои промовират или потекнуват омраза, дискриминација или насилство, надлежните правни институции па и МВР не санкционираа таков вид на прекршок, што уште повеќе се окуражуват малоумните фашизоиди, непречено без санкции да продолжат да демонизират се што е ромско.

Рака на срце постојат две кривични пријави за таков вид, за новинарот, Миленко и за уште еден. И тоа само поради тоа што Македонија ја нарекуваа “Северџанија“а Македонците “Северџани“.

Да, така функционира правдата во Македонија, која себе си се преставува како правна демократска држава, во која , своите права ги уживат само мафијашите,криминалците, високи функционери, партиски послушници, директори и други ебиветровци,( лигушите од ромските партии кои се неми пиони, седнати на фотеља од личен но никако од национален интерес) но не и обичниот пред се , ромската етничка заедница.

Заев и Спасовски можат да запретат со кривична одговорност на лице-а доколку тој или тие ги напаѓат , дали преку објавување на прислушкувани материјали ,или преку објави на социјалните мрежи каде се напаѓа или омаловважува македонската нација , вера, јазик … па дури и официјално да барат од социјалните мрежи под итно да им се блокират личните профили. Но, што со овие кои веќе со години преку социјалните мрежи шират говор на омраза.

Можеби не дирекно, но нивните објави , на квази организациите за заштита на животни Анима Мунди, Здружението за заштита на животните Анимал од Струмица и националната фашизоидна македонска хероина по некој случај новинарка, именувајки национална припадност на лица, за кои постојат сомнежи дека малтретирале домашни животни, предизвикувале лавина на негативни коментари ,со дискриминарачка содржина према цела ромска заедница па и повик на линч кон Ромите од Македонија.

Ништо засега, најверојатно тие се заштитена врста „Homoanimal», а додека Ромите можат да го преживуват секој геноцид врз нив со што покажува и историјата низ која со векови била на удар на убиства и геноцид, но сепак опстојувале дон денес. Додека овие животни како и оние „Homoanimal» немат ниту теоретски шанси за опстанок.

За жал тие знаат повеќе за марсовците отколку за Ромите. Тие не знаат дека во вековниот пат на ова заедница единствените нивни пријатели биле коњите и кучињата,и покрај недостатокот на храна, тие издвојувале и храна и срества, за да ги прехранат овие свои пријатели.

Понатаму она што исто така ме револтира, а се дистанцирам од употреба на вулгарно-безобразен вокабулар, е политичката состојба на Ромите во Македонија, Премиерот Заев со своите одлуки покажа дека тој е премиер на дел од Македонците, на Албанците… но никако и на Ромите.

Тој исто како и министерот за внатрешни работи Спасовски и сегашниот председател на Р.С Македонија Пендаровски , ромските интереси зги гледат како сезонска работа, и тоа само во време на предизборието.

Заев одлучува за Ромите без да вклучи Роми во носење на одлуки:

– именува председател на огранокот на СДСМ во Шуто Оризари без икаква консултација со членовите на огранокот на ова општина

-ја разрешува единствената ромка , директор на Герентолошкиот завод Салија Љатифовска, без икаква причина

-нема запослени Роми во институциите за кое било ветено пред ромскиот електорат

-ветеното место за советник во кабинетот на председателот Пендаровски се уште е на чекање и е под знак на прашање да ли ке се оствари ветеното.

-ветената правда за сите подеднаква пред се према угнетуваната дискриминараната ромска заедница останува само пуста желба.

Би сакал навистина да пцујам, би сакал навистина генерално да ги деградирам другите не ромски заедници,да се спуштам на нивно ниско ниво соречник кои само тие го разбират.

Засега ке се дистанцирам, ке бидам дипломат, поучен од лажговците устоличени на високите државни функции.

Барем, засега, за друг пат ке го земам пример БОКИ 13 кој ја преставува цела една национална заедница.

Мозес Соломон ( Мухаџер Сулејман)

(O hramovibe thar akaja Kolumna preperela ano dumo e hramutneske,thaj thano avrik thar hazrluko e andrune lačharibnaskere politikane programaja thar o Roma Press).