Јас сум министер за сите Роми во Македнија не само за членови на ПЦЕР, вели Ахмедовски

2434

По обвинениата на пратеникот Самка Ибраимоски дека не ги спроведувам стратешките цели на политичката партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) без да ги напомени кои се, би сакал да истакнам дека како Министер должен сум да ги спроведувам стратешките цели од Стратегијата за Роми 2014-2020 како јавен документ на Владата на РМ во кои се вклучени и стратешките цели на оваа партија во насока на подобрување на состојбата на Ромите.
Ние сме граѓанско општество и морам и сакам да работам во интерес на целата ромска заедница, без разлика дали се членови на ПЦЕР или не се.
Целата наша ромска заедница се соочува со речиси исти проблеми без оглед дали се членови на некоја политичка партија.
Оттука сметам дека сите Роми треба да имаат еднаков бенефит од спроведувањето на јавните политики на Владата. Затоа не треба да има поделба на стратешки цели на партијата со стратешки цели за подобрување на состојбата на Ромите, бидејќи во моментов не сум само Министер на Роми-членови на ПЦЕР туку на сите граѓани на Репиблика Македонија, вели Ахмед Ахмедовски Минстер без ресор во Владата на РМ на својот Фејзбук профил