MVR -Ulavdo režimi baš soobrakaj akale kurkeske havlarela o mvr..

897

Ministeriumi andrune bukenge havlarela e đianen tar Skopje te oven hazri  tar panśto di đi nevo kurkesko jekto di ka resarel činavipe o soobrakaj thaj ulavde rotiribnaja, baś akava sebepi o MVR rodena tar dizutne te ovelen halovipe tar policijaki signalizacija.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во петок, сабота, недела и понеделник, поради снимање на филм, ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје.

Во петок во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев”, а во периодот од 14.00 до 18.00 часот пак, на улицата Димитрие Чуповски, кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади. Помеѓу 14.00 и 17.00 часот времен прекин на сообраќајот ќе има на на булеварот „ВМРО”, на автобуската постојка пред главната Пошта.

Во сабота во времето од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на булеварот „ВМРО” на истата локација, а во времето од 20.00 до 23.00 часот на булеварот„Партизански одреди”, кај првата автобуска постојка од страната на хотел „Дувет” до пред улицата „Аминта Трети”.

Во доцните попладневни и ноќни часови во недела кон понеделник, во времето од 17.00 до 01.00 часот на сообраќајот ќе биде во прекин на улицата „Св. Кирил и Методиј” од паркингот и автобуската постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор” до НЛБ Банка.

Од тие причини, се вели во соопштението на МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Roma Press- MVR