Никако не сме поврзани со обвинението за Поштенска банка, најголем дел од лицата не ги ни познавам

1849

Trifun Kostovski,jekh tar sopstvenikoja tar Eurostandard banka, savi anavkerelapes ani čipota e bare dośhakerde(obvinitelen)akteja savo si dendo tar OJO tar organizirimo kriminali mujal ejna manuśa, sar doś tar thovibe tar ejna milionija evroja ano formiripe Pośtensko banka,baś o Faktor vakerla sa akava si kherdo bi olesko đjandipe.

Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, која се споменува во случајот со големиот обвинителен акт што го поднесе ОЈО за организиран криминал против девет лица, за перење на над девет милиони евра при формирањето на Поштенска банка, за Фактор вели дека сите овие дела се направени без негово знаење.

„Јас не знам ниту кои се сите други обвинети, освен сопствениците на двете компнии кои се споменуваат во обвинението. Тие беа две реномирани компании ‚Европа 92′ и „НОЕЛ’, кои побараа да земат кредит од Еуростандард банка. Сето тоа беше сосема легално направено, од наша страна, а за да го земат кредитот од Еуростандард банка, тие компании ги заложија своите акции што ги имаа во тогаш формираната Поштенска банка, вкупно со учество од две третини од капиталот на банката. Со оглед што не можеа да ги вратат кредитите, ние, односно Еуростандард банка станавме сопственици на тие акции, односно две третини од капиталот. Така, што, сите овие други лица не ги познавам, веројатно биле некои директори од правните лица. Ова дел е направено без наше знаење“, вели за Фактор Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, врз која сега, пак, се води стечајна постапка.

Roma Press- lendo tar https://faktor.mk/kostovski-za-faktor-nikako-ne-sme-povrzani-so-obvinenieto-za-poshtenska-banka-najgolem-del-od-licata-ne-gi-ni-poznavam