Bahtalin tar politikani partija DSR baś 8 to April

1181

8-ми април е Меѓународен ден на Ромите кој се одбележува низ целиот свет.  Оваа година се одбележува  јубилеј од 50 години од одржувањето на првиот Светски Конгрес  кој се одржа во Лондон во 1971 година. Овој Конгрес  има историско значење за Ромскиот народ затоа што беа донесени историски  и важни одлуки кои се однесуваат за сите Роми низ целиот свет и ги постави темелите за современ развој, унапредување  и решавање на сите ромски прашања. Исто така овој конгрес претставува појдовна основа за инклузија на Ромите во сите сфери на општественото живеење во сите земји каде што живеат.

Од одлуките кои биле донесени на Првиот Конгрес на Ромите  како најважни ги одвојуваме:

-Утврдено е потеклото на Ромите, односно научните истражувања го потврдија  нивното потеклото дека е од Индија, а тоа истото го потврди и Индиската држава;

-Граѓаните од оваа етничка заедница од овој Конгрес се нарекуваат Роми – со тоа се воспоставува националниот идентитет на ромската заедница;

– Донесена е одлука за изгледот на знамето, а тоа е сината боја како симбол на небото и ширината на ромскиот дух ,на горниот де од знамето, зелената боја како симбол на тревата и земјата на која престојуваат, на долниот дел од знамето и на средина црвено тркало – како симбол на патувањата на Ромите.

– Унифицирање на Ромскиот јазик и употребата на Romani čhib;

-Одлука за барање на репарација од страна на Германија за сторениот геноцид врз ромскиот народ   во Втората светска војна

– одлука за негување на културата на Ромите и други одлуки.

Во Република Македонија, од 2007 година, со поднесување на амандман за дополнување на Законот за празници, од страна на тогашниот пратеник  на Демократските сили на Ромите во Собранието на РМ, д-р Шабан Салиу, 8-ми април се одбележува како национален празник  на Ромите во Македонија и е прогласен за неработен ден.

За жал и денес во 21 век Ромскиот народ се уште се наоѓа на маргините на општеството како најсиромашни и со најголем број на невработени. Голем број Роми се уште живеат во супстандардни живеалишта без основни услови за живот.

И покрај Уставните загарантираните права и слободи, предвидените права во домашната  законска регулатива , особено Законот за спречување и заштита од дискриминација  ,како и во Конвенцијата за човекови права, Ромите повторно остануваат без можноста за остварување на основните права и слободи. И понатаму  се не еднакво третирани од општеството, со висок степен на стереотипи и предрасуди во секој сегмент од општественото живеење.

Токму поради тоа денес, ние Ромите, 8-ми април го одбележуваме како ден на надеж  за целосна интеграција во сите општествени текови и надеж за подобро утре на сите граѓани кои припаѓаат на Ромската заедница.

Демократските сили на Ромите, на сите граѓани од Ромската националност, без разлика каде живеат, во било кој дел од државата и во светот, им го честита  празникот 8-ми април и им посакуваме пред се добро здравје, многу успех и просперитет.

По повод  8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, делегација на партијата Демократски сили на Ромите , предводена од претседателот д-р Шабан Салиу, потпретседателот  Ајдуван Мамудов и генералниот секретар Бајрам Куртеши се одржа средба со претседателот на ВМРО  ДПМНЕ Кристијан Мицковски. Се  разговараше  за проблемите со кои се соочуваат Ромите како и за подобрување на положбата  на ромската заедница и нивно интегрирање во системот на државата. Помеѓу останато, заеднички беше констатирано дека Ромите живеат на маргините  на општеството со висок степен на сиромаштија, невработеност, во супстандардни живеалишта без основни услови  за живеење. Од  двете страни  беше заклучено дека со идната Влада на коалицијата за обнова на Македонија, предводена од ВМРО  ДПМНЕ ќе се направат посебни напори за подобрување на положбата на граѓаните од ромската заедница  со пронаоѓање  на трајни системски решенија и креирање на политики  со цел подобрување и унапредување на положбата на Ромите.

Sebepi 8-to April, e Romengoro maškardžijaneskoro  dive,  delegacija tari partija Romengere demokratikane takatija, legardi taro prezidenti d-r Šaban Saliu, teli  prezidenti Ajduvan Mamudov thaj generalnikano sekretari  Bajram Kurteši, kergja pe arakhibe e prezidenteja  taro VMRO DPMNE, Kristijan Mickovski. Kergja pe lafi  baš o problemija  kolencar so khuvena pe o Roma sar thaj pošukar keribe e romane kedinakoro hali  thaj lengoro integriribe ko raštrakoro sistemi. Maškar javer, barabarutno sine konstatirime  kaj o Roma dživdinena ko margine taro sasuitnipe , uče  digraja, čorolipe, bibukjarnipe, supstandarnikane  dživdipaskere  šartija  bizo fundavne dživdipaskere šartija.

E solduje rigendar sine phandimo kaj e avutne  Radžaja taro VMRO DPMNE ka keren pe ulavde  takatija  te keren pošukar o hali e romane kedinake arakhindoj  sistemikane čhinaviba thaj kreiribe politike resarinasa te kerel pe e Romengoro  bajroibe thaj angledžaibe .

Roma Press- bičhaldo tar DSR.