Reakcija tar Romane medie baś sa odova so resarela e Romenca ani Makedonija..

1439

O romane web portalia, Euromapress, 24 vakti, Roma pres, Roma news thaj TV EUROMA Portalki kupa bičavgje lil dži ko presidenti taro Europkakoro parlamenti dži ko rajo David Sasoli, mangipaja te  prezentirina leske o čačhutno hali e romengoro kola so dživdinena ki Utarali Makedonija.

Ko lil si hramomo o palune čipote kote so  bajrola o terori upreder e Roma ani akaja them, bizi diferencija jali kerelape lafi tari policija jali prekal o individualcia kola so but fore, kozom so dikaja lena o krisi ki ple vsta avrijal taro themutne institucije.

Vi agjar pendžargem e presidete baši nanibe hako taro Tribunaleskere institucie kana kerelape rodibe o romane thaj o manušikane hakaja.

Ko ponadarutno teksti taro akava lil vi agjar si hramomo so bajrola o naslia (понижувања)  thaj o apelia baši bi mangipe taro bi Roma ko socialno networkia kolea so panda pobut  kerela popareste o dživdipe ki Utarali Makedonija koja so predendirinela lejbaske than andre ani Europakiri Unia.

ПОЧИТУВАН  ГОСПОДИНЕ ПРЕДСЕДАТЕЛЕ, САСОЛИ

Група на ромски новинари и уредници на долу попишаните  ромски портали, од Франција, Германија и Македонија ви се обраќат преку ова писмо-известување во врска со лошата безбедносна состојба на Ромите во Република Северна Македонија.

Како новинари сме во тек со сите случувања кога се во прашање Ромите не само во Европа туку и надвор од неја.

Во последниве неколку месеци нашиот фокус е ставен на неколкуте  немили настани кои се случија во Р.С.Македонија каде  еден дел на ова етничка заедница биле жртви на полициска  тортура односно на употреба на прекумерна физичка сила, и почестите напади  од страна на индивидуалци и групи кои вон иституционално ја земат правдата во свои раце.

Немилите настани кои се случија во предходниве неколку месеци, настанот во Битола, Струмица и сега во Кочанското Трајаново трло, каде бил лишен од слобода малолетен десетогодишен Ром, и физички малтретиран и тероризиран од страна на неколку возрасни мажи од овој град, ( овие настани се документирани, а ги има повеќе за кои јавноста не ги знае) се индикатори на лошата безбедносна состојба на Ромите во Р.С. Македонија.

Не санкционирањето односно спората правда кон потикнувачите е мотив плус да се продолжи со теророт над невината ромска заедница ширум Македонија.

Следејки ги овие  и предходниве настани каде ова етничка заедница е жртва на  излевањето на бес од другите поради политиките кои се кројат во Македонија, секогаш се на удар на мнозинското население и таргет на дел од локалните медии кои шират јавна нетрпеливост и омраза кон Ромите.

Медиумскиот простор за ова етничка заедница е резервиран  секогаш во негативна конотација во која се споменува етничкото потекло на сторителот. која пак предизвикува лавина на негативни коментари, омаловажувања па дури и апели на линчување на одредени прекршители на законот.

Господине председателе Сасоли,  од искуство  кое досега го има ова етничка заедница со правосудниот систем на Р.С.Македонија, ние немаме доверба дека сите овие настани како и предходниве ке завршат со правно санкционирање на сторителите.

Затоа ние долу потпишаните, дел од нас граѓани на Европската унија, ви се обраќаме за реакција кон владата на Република Северна Македонија преку Министертвото за правда овие слуачеви  со судска завршница.

За последниот настан МВР веќе поднесе кривична одговорност за неколку сторители, но како и во многуте досегашни немили настани тие се уште чекат во некоја од фиоките на судовите во државата и се без завршница.

Почитуван господине претседател! Со цел да се задржат принципите на демократија и слобода во Република Северна Македонија, да се спречат понатамошни акти на дискриминација, расизам и почести насилства врз Ромите, бараме ваше учество!

Имаме чест, господине претседател, да ве замолиме да го прифатите изразот на нашето најголемо внимание.

Група ромски новинари и уредници на ромски веб-портали
„Еuromapress“ – Сулејман Мухадјер – Франција
„24 Vakti“  – Сали Мемед – Македонија
„Roma news“-  Андријано Џеладин-Франција
„Roma press“  -Абдула Севгул – Македонија
„TV EU Roma Portal“  – Сали Севгул – Германија

Roma Press lendo tar:  https://www.euromapress.com/2021/04/14/romane-medie-ki-kupa-basi-romano-nacionalno-interesi/