Avdive protesti ano Skopje,,Demokratija ani Makedonija”.

1109

Thavdipnaja e makedonijake himnaja tar milja  đihanija mesazoja ,, Demokratija ani Makedonija”, tromakeripe e ustaveske arakhibnaske, baś bikanoneske phanle manuśa tar ćipota phanle e 27 aprileja ano Khedipe e Makedonijake.

O marśi ikergapes jekajek rutaja sar so sine poanglal, e dizutne khedingepes angli rađi thaj pirge đji ko Sobranie. Mickovski vakerga o dizutne khedine tar holi tar sa adava so resarela ano sasoitnipe, nane ćhale tar sa odova so resarela e dizutnencar ani Makedonija phanle vi e Adelateskere procesencar tar odova so phandenapes na dośale manuśen, vakerga o Mickovski.

Со интонирање на македонската химна, илјадници граѓани со пораката „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“, дадоа поддршка за драконски осудените, за настаните од 27 април во Собранието на Македонија.

Маршот се одржа по истата рута како онаа на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“. Граѓаните тргнаа од пред Владата, а завршија пред Собранието. Беше испратена порака дека патриоти биле неправедно осудени на високи затворски казни.

-Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност, изјави Мицкоски.

Прочитани беа и имињата на сите осудени за 27 април, кои добија повеќе од 260 години затвор во два судски процеси. Покрај слобода за нив, побарано беше и да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Roma Press- lendo tar Time.mk