AVAJA- Tajsuno dive organizirinela protesti anglal i Ćeśko ambasada..

770

Граѓанското движење – АВАЈА најавува протест кој ќе се одржи на 3 Јули во сабота пред Амбасадата на Република Чешка – со почеток од 11:00 часот. Протестот се организира поради убиството на младиот Ром, Станислав Томаш од Теплице убиен од страна на полициските службеници. Собирно место на протестот ќе биде ширинката пред основното училиште “Koчо Рацин“ на улица “Мајка Тереза” (Водњанска) по што протестот ќе продолжи пред амбасадата.

Чешките власти предводени од Премиерот, Андреј Бабиш, Претседателот, Милош Земан и Министерот за внатрешни работи, Јан Хамашек не ја осудија полициската бруталност од полициските припадници туку напротив се заблагодарија за нивната реакција и дадоа поддршка на полицијата од Теплице. Ова е последен случај на полициската бруталност со кој Ромите низ Европа се соочуваат. Во полициска бруталност во септември 2020 во Битола беа претепани тројца Роми за кои сеуште нема судска разрешница.

Чешкита власти се обидуваат да го оправдаат инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека Станислав Томаш бил под дејство на зависни супстанции. Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува по што повикуваат амбулантно возило.

Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец.

Сега е моментот сите да покажеме солидарност како што тоа го сторивме во случајот со Џорџ Флојд и движењето Black Lives Matter. Ги повикуваме сите активисти, граѓански организации и граѓани да дојдат на протестот на 3 Јули во сабота пред Чешката амбасада, да покажеме храброст и да кажеме НЕ на полициската бруталност. Слободното општество е општество без полициска бруталност. Не треба да се чувствуваме небезбедни во сопствените заедници или загрозени од органите на прогонот заради бојата на кожата, предрасудите, стереотипите и расизмот.

Ние покажуваме сила и решителност да ги заштитиме нашите животи и да се ослободиме од страв и од насилство. Нашата слобода сеуште е под постојана закана. Дојдете во знак на солидарност и поддршка на правдата! Ова не е изолиран случај, туку е случај што може да се случи секому! На протестот од Чешката влада ќе бараме:

  1. Независна истрага со што ќе истражува случајот на полициска бруталност во кој беше убиен Станислав Томаш
  2. Креирање на независна комисија што ќе ги разоткрива прекршувањата на полициските правила и практика во ромските заедници.

Roma Press- Avaja