Srbija baś e Roma – Barabar śhaj sa

993

Jelena Jovanovik ka ovel i lingarutni tar 35 đenengi lista baš pošukar tajsa e aromenge ani Srbija.

Erati ano 08.09.Septemvro, Romano nacionalnikano minioriteti denga i lista baš alusar đenenge ano Nacionalnikano konsili anavkerdo SRBIJA E ROMENGE.

I Buti tar akava bedeni(telo) ka ovelle buti te arakhen solucija(rešenie) sa e pućibnaske ko interes e Romane khedinake- tar edukacija, oficijaliziriphe e ćhibjake thaj i hramin.
👇👇👇

Вчера, на 8 септември 2022 година, Ромското национално малцинство поднесе листа за избор на членови на Националниот совет со наслов „СРБИЈА ЗА РОМИТЕ – ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ“.

На списокот има 35 членови од територијата на Република Србија, кои се залагаат за решавање на прашања од интерес на ромската национална заедница – од образованието, официјалната употреба на ромскиот јазик и писмо, преку информирање на ромската заедница и зачувување и негување Ромската култура, во согласност со овластувањата на Националниот совет, дефинирани со закон.

Листата ја предводи Јелена Јовановиќ, која со колегите долги години се залага за зајакнување на ромската заедница.