Soske postinelapes o maseko Ramadan..

981

Ramazan(Ramadan)tano Islamsko bidjuko pe kaste pakhana e pakavutne muslimanija,thaj ano akava maseko postinena taro phravipe e khamesko sar ćaćutni javin(zora)kerlapes sufiri, thaj pali odova dji ko aksami kerlapes iftari, sa adava vakti ola dujrarenapes tar o hajbna thaj e bilache bukija.
Ano jek e muslimanija pakhana ko masek Ramadan,o meljeko Djibrail so anela o Kurani lafi palo lafi prenesinela bash o Pejkamberi Muhamed a.s.

Ramadan tano maseko kana valani te postina, pobuter te molinamen bash o Allah,kobor shaj te pomozina adalen so nanelen.
Ko maseko Ramadan valani te dujrara amendar o hajbna thaj o pijba, te sikhlova te kjera sukar bukija, te dujrara amen tar o bilacipa, gibetlukija, bilache misle thaj so pobut te araklagova ano tindalipa e Allahe.

Teleder daja tumen pobuvli informacija kobor so pendardilan bash akava maseko Ramadan ani Makedonikani chib, drabaren dji ko agor.
👇👇👇

Рамазан(Рамадан)Исламски празник на кој се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен преку ангелот Џибрил,кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед а.с.

Рамазан е месец и време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање на храна и пијалоци,цигари но и од лошите мисли, идеи и дела.
Инаку постот започнува со вистинската зора кога светлоста ке се појави во хоризонтот наречен како (суфур) и трае до зајдисонце односно акшам (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта односно после временскиот период од акшам. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од петте столба на исламот кои спаѓаат во задолжените 33-исламски шартови или како должности на секој полнолетен муслиман и муслиманка.
Останатите се верата, молитвите, поклонението на севишниот господар Аллах и давањето милостина.
Рамазан е месец на добрина,милост,берикет во домовите,љубов и простување.
Муслиманите веруваат со укажаните пренесувања и хадиси на пророкот Мухамед а.с. се пренесува дека кога ќе дојде празникот(пост-рамадан)портите на џенетот(рајот)се отвораат,а портите на џехенем (пеколот) се затвораат.

За месецот на опрост Рамадан,муслиманите сметаат дека рамазан на секој дом му носи полни раце дарови,милост,благодат и проштевање. Куранот со возвишените зборови на Аллах вели дека Рамазан има четири димензии и тоа се:духовна,морална,солидарна како и здравствена.

Рамазан започнува со денот 23.03.2023год, завршува со денот 20.04.2023 година.
На 21.04(Април)во 06:26 се кланја Бајрам Намаз,и со тоа се најавува празнување односно и завршување на постот.
Рамазан е месец за обожување на севишниот Бог- Аллах. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори.

Единствено од постот може да бидат ослободени или „оправдани“ старите, болните и безумните(болни со психички проблеми). Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките.

За таа цел,вечерва со почеток од 20:00 часот наш гостин на(Ливе Емисија) ке присуствува ефендијата имам од џамија,,Амди Паша” м-р Али Берат.

Тимот на Рома Пресс ви посакуваме лесни рамазански постови.

Hazri kerga: Sevgul A.- Roma Press