Колумна: Прифакаме заблуди наместо вистини..

2063

Sajdime, Moro avdisutno hramiphe teleder tano ani Makedonikani chib sebepeja te shaj halovena o Roma save fuhalibnaske thaj ko 21 zamani na sikhlovena peseskkri chib. Ano moro avdisutno hramiphe vakerava bash o nakhlo vikendi savo anga na jek gndipe maskar e drabarutne(citatelija) taro Roma Press thaj pakhavaj hem ko avera Romane medije.

Ko tikoro hramoviphe manglum te vakerav,lokho tano kana teubuj te khuva o churika maskar amende ko Roma,numa kana trubuj te maramen averencar tadani phareste kheraja odova. Akav kurko kergapes odoborom bilache lafija upral o Romane medie sar te vakere amen sijam olenge o prioriteti maskar sa e bare problemija savencar arakenapes e Roma ko baro sumnal.
Odoleske o akharipe mere avdisutne hramovibnaske tano,,Mangaja pobuter te pakha ano hohavnipe aso but hari ko chachipe”.
👇👇👇

Покрај хаотичната состојба на Ромите во сите сфери на нашето опкружување во време на економска, здравствена, енергетска па и политичка криза со тоа што ромите со маки и тешкотии го затвараат секој нов месец крај со крај практично само преживуваат и се уште ние прифаќаме заблуди наместо вистини.
Денес активно говорат самобендисаните,суетните, фрустрираните со тоа што користат секакви термини во својот префинет вокабулар за да се докажуваат попаметни едните од друѓи.

Во што е поентата?
Ако го говориш добро македонскиот јазик тебе те прави попаметен или поголем интелектуалец од останатите. СЕ поставува прашање зошто толку голема енергија не се придава за изучување и говорење на нашиот/вашиот мајчин јазик(Ромски).
Зошто и денес кога живееме во современо време вие полноглавците и фб.фалбаџиите дома со вашите деца не го говорите Ромскиот јазик, дали повторно ке најдете некој друг(нов)начин да укажете на нова причина за неговорењето на вашиот јазик.

Сведоци сме дека на последните збиднувања со нападите врз сите Ромски медиуми,интернет портали како јавни гласила и сл.се мобилизираа само од неколку објави со кои делумно сакавме да се обелоденат а во спротивно наидовме на лични навреди,умаловажувања,непрофесионалци,неписмени, токмаци и слично.
Без разлика на вашите разно разни форми за уплашувања,притисоци сепак ние продолжуваме да бидеме гласни и да укажеме на сите работи и пропусти за која треба да биде информирана пошироката јавност.

Се согласувам со вас дека ромските медиуми не располагаат со голем тим со кои можат да бидат дел од сите збиднувања(активности)поврзано со Ромите и со медиумската работа,но едно заборавивте дека тие исти Ромски медиуми со години работат без проекти,спонзори,реклами а секогаш се во пресрет на својата заедница.
Инаку,дел од колегите(ромски новинари)скоро сите работат доброволно и без хонорари со желба што сите тие имаат најмалку 30-годишно работно искуство на оваа фела.
Исто така еден голем дел од колегите новинари имаат завршено средно и високо образование за кои истите беа дел од финансираните обуки за вештини и курсеви за новинари(МИМ).

Медиумската работа како професија е ценета и благородна работа,денес работата на јавните гласила е битна во креирањето на јавното мислење во едно демократско општество.
Ние како веб портал(Рома Пресс) не располагаме со наш буџет или финансирани проекти каде можат да се мотивираат кадрите и да се професионализираат.
За горе укажаните добри сме кога ке ѓи пофалиме, рекламираме,форсираме и слично,но за истите им бодриме во очите кога ќе објавиме вест поврзано со мито,злоупотреба,корупција,грешки при финансирање на одредена активности тогаш тие започнуваат со сеопшта мобилизација на нивната војска искористувајќија својата севкупна сила и муниција против нас,па дури се користат и ниски омаловажувачки термини како непрофесионалци, незнајковци и дека новинарството за нас е хоби а не професија.

Сметам дека овој ваш концепт носи загрижувачки настани и треба внимателно да се одложат за да не се појават скоро или покасно спротиставени односи,сепак не треба да се заборави медиумската рака е широка,нашата заедница(Ромите)очекуваат сплотеност но и транспарентно однесување кога станува збор за проектни активности.
Мојата поента со денешниот напис е да ја споделам нашата заедничка грижа и вистина која се случува со нас Ромите,и небарем малку да ја разберат суштината за нашата работа со тоа што треба со заеднички сили да продолжиме напред и што помалку да се прифаќат заблуди наместо вистини.

м-р Севгул Абдула