2500 -Romna taro Suto Orizari isi olen sastipnaskoro osiguriripe numa nanaj olen personalnikano ginekologo

518

Makedonijaki asocijacija taro ginekologoja thaj akuśerija(MAGO)bash akava anavkerdo KURKO e djuvlakere sastipnaske 2024 b,organizirinelapes simpozium saveste ka kerelpes prezentacija taro HPV vakcina, vakcine bash khamnipe, lejbe than taro obeziteti khamnipaske sar thaj operativnikani procedura ko Centroja taro djuvla viktimija(zrtve)ko seksualnikano zoraripe.

Ano akava sinpozium ka kerelpes lafi bash o 2500 djuvla taro Suto Orizari,saven isi olen sastipnasko osiguriripe numa, nanaj olen ikerdo peseskoro ginekologo.
Bash akava ko lavkeripe ka lel than o d-r Lambe Krstevski,lafikerindor bash o minioritetska kupe save phare djivdinena thaj sa save problemncar arakenapes.
👇👇👇
Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година организира симпозиум на кој ќе бидат презентирани податоците за ХПВ вакцината, вакцинацијата во бременост, улогата на обезитетот во бременоста и Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство.

Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во Шуто Оризари има 2.500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, и околу 1.000 жени кои не се осигирани и немаат матичен гинеколог.

Согласно законските регулативи во Р.С. Македонија, секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги.Целта да се нагласи важноста од редовните превентивни прегледи и рано откривање на здравствените проблеми како и информирање на сите жени во Македонија дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи.Говорници, Марија Башеска Стојановска и д-р Ламбе Крстевски, ќе дадат увид од прва рака за предизвиците со кои се соочуваат ранливите групи во пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје.

„Здравјето во фокусот на жената“, специјално дизајниран за специјалисти и специјализанти по гинекологија и акушерство. Овој симпозиум, со интернационален карактер ќеј се одржува во период од 17 до 19 мај 2024 година, а ќе собере голем број експерти за да се осврнат на актуелните прашања за здравјето на жените. Симпозиумот има за цел не само да ги унапреди знаењата и вештините на здравствените работници, туку и да ја подигне свеста кај општата популација за клучните аспекти на здравјето на жените.