Петгодишниот Робика Чорба и неговиот татко, Роберт Чорба беа убиени поради тоа што се Роми на 23 Февруари 2009 година. Бранот на насилен терор врз Ромите започна во 2008 кога група Унгарски екстремисти ловеа Роми. Серијата на напади одзеде шест човечки животи. Судскиот процес за четворица осомничени траеше две и пол години, а конечната пресуда беше донесена во Август 2013. Тројца беа осудени на доживотен затвор, а еден на 13 години затвор. Нападите се случија во следниот редослед:
21 Јули 2008, Галгајорк. Кратко по полноќ беа испукани 10-15 истрели со огнено оружје во три ромски куќи. Во инцидентот немаше повредени. 8 Август 2008, Пириче. Запалени се две ромски куќи со Молотови коктели. Една жена беше погодена со истрел додека излегувала од дома. 5 Септември 2008, Нирадони- Тамасипужта. Пукано е во ромска куќа во која живеат татко со своите четири деца додека спиеле. Нема повредени. 29 Септември 2008, Тарнабод. Фрлени се Молотови коктели во четири ромски куќи. Нема повредени. 3 Ноември 2008, Нагичец. Фрлени се две бомби во две ромски куќи. При бегството од домот убиени се маж на 43 и жена на 40 години. 15 Декември 2008, Алжоцолка. Пукано е во двајца Роми. Мажот (19 години) се здоби со животозагрозувачки повреди, неговата партнерка помина со полесни повреди. 23 Февруари 2009, Татарженѓорги. Фрлен е Молотов коктел во ромска куќа. При бегството убиени се таткото (27 години) и неговиот петгодишен син. Другите две деца се повредени, додека мајката се извлече без повреди. 22 април 2009 година, Тисалок . Џено Кока,59 годишниот ромски татко доцна во вечерните часови додека ја напушташе ноќната смена, беше убиен пред неговата куќа. 3 август 2009 година, Кислета . 45-годишната Мери Б. и нејзината ќерка беа нападнати од непознати лица во нивните домови. Преживеани, но со тешки телесни повреди. Ве молиме, погледнете го го ова видео со англиски превод, “Од Tatarszentgyörgy до Tatarszentgyörgy”
https://www.youtube.com/watch?v=d_6wueF4oCQ&feature=share
Жртви на оваа случка:
Татари: Робика Корбор имаше пет години. Неговиот татко, Роберт Корбор – живеел 27 години.
Кизлета: Балог Марија – живеел 45 години.
Тизалок: Jenő Kóka – живеел 54 години.
Нагичек:Тиборне Наги – живеел 40 години. Јозеф Наги – живеел 43 години.
Поради тоа, ромските граѓански организации, ромските малцински самоуправи и активисти организираат сериja на комеморативни настани низ целата земја. Исто така Страница на Фејсбук е креирана се со цел да се соберат повеќе
информации и да се споделат информации за комеморативните настани.
Комеморација во Татарзенѓиорѓи
Локација: Татарзенѓиорѓи ул. Лајос Косут – гробишта
Време: 23 февруари 2019 година. 12:00 – 13:30
Комеморација во Будимпешта и марш со свеќи
Локација: Будимпешта, II. Папата Јован Павле плоштад
Време: 23 февруари 2019 година 17: 00-19: 00
Mолитва на жртвите
Локација: Будимпешта, Парохиска црква на Пресвета Богородица во центарот на градот
Време:19:00
Ве молиме симнете ја апликацијата ROMAapp.
Верзија на Android: https://play.google.com/store/apps/details …
Верзија на iPhone: https://itunes.apple.com/hu/app/romapp/id1452118675?mt=8
Апликацијата е мала и треба да вклучите GPS за да можете симболично да запалите свеќа во знак на солидарност
Ве молиме споделете ја оваа порака јавно до сите
Споделете ја вашата видео порака, со тоа што во знак на почит запали свеќа за вашиот телефон или дојдете придружете ни се на нашите комеморации во Татаринцергиорг или Будимпешта!
Организационен комитет на Комеморацијата и Постојаната конференција на Ромите, Будимпешта, Унгарија.
Hazri kerga:Roma Press